-2.8 C
Shtip
spot_img

Македонец во Америка продава леб кој се вика “Лепа Брена”, пејачката лично дошла во пекарата да провери

Сопственикот на пекара во Соединетите Американски Држави со потекло од Македонија неодамна во подкастот „Only in America“ откри како дошол до идејата еден од своите производи да го именува по една од најголемите музички ѕвезди од Балканот – Лепа Брена.

Во разговорот, тој зборуваше за својот живот и бизнис во Америка, како и за предизвиците и предностите да се биде човек од дијаспората. Еден од најинтересните детали беше лебот именуван по фолк пејачката Лепа Брена.

„Ние го продаваме нашиот леб во Америка и се вика „Лепа Брена“. Татко ми се сети дека порано имаше приказна за тоа во Македонија, па решивме да ја земеме таа идеја и да ја реализираме. Дури и Брена дојде кај нас за да провери дали е вистина“, рече сопственикот на пекарницата.

За време на интервјуто, тој се осврна и на спецификите на американскиот пазар, нагласувајќи дека купувачите од балканската дијаспора најчесто избираат традиционални производи, што му овозможува да пласира на пазарот автентични вкусови и рецепти. Тој особено ја нагласи големата побарувачка за производи како што се бурек и пита.

━ повеќе содржини

Конзервација и реставрација на Акрополот на тврдината Исар во Штип

Со инвестиција од 94,7 милиони денари од Владата, во Штип се реализира проектот за конзервација, реставрација и делумна реконструкција на Акрополот на тврдината Исар. Проектот...

Голот од корнер “ја прели” чашата. Јашар повеќе не е голман на Брегалница!

Амир Јашар повеќе нема да го брани голот на Брегалница. Иако сè уште се очекува официјална потврда од клубот, според информациите од Штип, разделбата...

Од денес семафори и наизменичен сообраќај поради санација на оштетен мост на експресен пат Штип-Радовиш, клучка Бучим

СТРАБАГ АГ Подружница Страбаг Скопје преку АМСМ известува дека денес од 24.11.2026 (вторник) на експресниот пат Штип-Радовиш, во близина на клучка Бучим ќе се...

ГОРДОСТ НА МАКЕДОНИЈА: ШТИПЈАНЕЦОТ ПАНЧЕ НАУМОВ СО НОВО ПРИЗНАНИЕ, ГОСТУВАШЕ ВО КИНЕСКАТА АКАДЕМИЈА НА НАУКИТЕ

Македонскиот научник Панче Наумов (50) од Штип продолжува да ја афирмира Македонија на светската научна сцена. Минатиот месец гостуваше во Институтот за истражување на...

Почина штипјанецот Ванчо Коцев, поранешен пратеник во Собранието на Македонија

Вчера во Штип почина Ванчо Коцев, поранешен пратеник во Собранието на Македонија и човек кој остави свој белег во политичкиот и општествениот живот.Веста за...
spot_img