6.1 C
Shtip
spot_img

КОЛУМНА: Образовниот систем во Штип – јаки и слаби страни, можности и предизвици

Новата учебна година започнува на 02 септември за околу 3600 ученици во основно и 2000 ученици во средно образование во Штип. Фундаменталната основа за постоење на воспитно-образовниот систем лежи во потребата за обезбедување на целосен опфат на учениците (образованието е задолжително) со што би се овозможило системски пристап на поттикнување на когнитивен, социо-емоционален и психомоторен развој на учениците, постигнување на националните стандарди за јазична писменост, изучување на други јазици, математика, природни науки и технологија, дигитална писменост, претприемништво, финансиска писменост, уметничко изразување, култура, меѓусебна почит и почит на различностите, љубов кон татковината и свест на припадност кон Република Македонија, морални вредности, но и низа други специфични вештини. Успехот на образовниот систем т.е. иднината на Македонија, зависи од способноста да се остварат поставените цели, што би значело и образовани идни генерации кои би ја граделе нашата држава.
Во Македонија, образовниот систем најчесто е предмет на критика, а генерираниот успех на истиот во последните неколку години не остава простор за одбрана на истиот.
Во Општина Штип, ова размислување, генерално не отстапува од остатокот на нашата држава, но сепак со цел попрецизно согледување на јаките и слабите страни како и предизвиците и можностите, системот би го анализирале на локално ниво.
За почеток би зборувале за јаките страни кои несомнено нашите училишта ги имаат. Во Штип има 5 основни, 4 средни општински училишта, како и 2 државни средни училишта. Станува збор за училишта кои имаат своја историја, свои успеси и своја традиција. Факт е дека овие институции го имаат потребниот континуитет, искуство и знаење како правилно да се образуваат идните генерации. Примери се бројни , средното медицинско училиште е едно од првите во здравствената струка во нашата држава; потенцијалнот на електро-машинското училиште е широко препознатлив во источниот дел од државата; текстилното училиште и покрај потешкотиите го отсликува карактерот на нашиот град, а за гимназијата сведочат големиот број на интелектуалци кои образованието го стекнале токму овде. Државните средни училишта според областите кои ги опфаќаат, само го потврдуваат своето значење за системот на централно ниво. Основните училишта воопшто не отстапуваат од оваа анализа. Токму поради наведеното, училиштата во Штип со право се сметаат за образовен центар во источниот дел на Македонија.
Слабостите на системот изворно потекнуваат од факторите кои ни ги носат јаките страни. Континуитет, искуство, традиција и успеси , директно поврзани со времето, а времето, само по себе значи и застареност, потреба од модернизација, нови наставни програми итн. Училиштата имаат потреба од инвестиции во дел на инфраструктура, енергетско ефикасни фасади, промена на кровна конструкција, вложување во опрема и лаборатории како и следење на светските трендови и имплементирање на наставни програми кои би ги следеле потребите на денешното дигитално време. Слабите страни директно влијаат на перформансите на училиштата, како во поглед на менаџирање на трошоците, така и во поглед на овозможување на настава која би ги следела потребите на идните генерации на ученици.
Анализирајќи ги јаките и слабите страни, веднаш на ум ни доаѓаат можностите кои стојат пред нас за училиштата во нашиот град. Впрочем комбинирајќи ги првите две, при што би ги користеле бенифитите од јаките страни, а во насока на справување со слабостите, би го унапредиле системот и би ја зголемиле атрактивноста на истиот. Овозможување на современи услови за работа во училишта кои имаат искуство, знаење и традиција е потребниот микс за привлекување на нови инвестиции и отварање на нови капацитети за работа во нашиот град. Со други зборови, доколку се преземат потребните мерки, многу лесно нашите училишта би биле лидери во државата и пошироко, што би ги отворило вратите за понатамошен развој на училиштата, но и на градот.
На патот кон успехот, во никој случај не треба да се игнорираат и предизвиците кои ни стојат. Основата на воспитно-образовен процес се наставници и ученици. Во Македонија многу често се зборува за превработеност во институциите, вклучувајќи ги и образовните, а со тоа се игнорира фактот дека бројот на наставници е се помал. Кога зборуваме за наставен кадар, потребно е истиот да е соодветен и да има пристап до соодветни обуки, кои би го надградиле неговото знаење. Дополнително, образовниот процес е двосмерен, освен наставник потребни се и ученици, а нивниот број постојано се намалува. Намалениот број на ученици директно не влијае на квалитетот на наставата, но со сигурност влијае на цената на чинење на истиот – правејќи го многу поскап и потежок за одржување.
Сумирајќи ја кратката анализа може да констатираме дека не сме далеку од создавање на систем кој би одговорил на потребите на денешното модерно време, потпирајќи се на искуствата и знаењата од минатото. Решавајќи ги проблемите, во насока на искористување на можностите, како и антиципирање и превенирањето на предизвиците, би значеле образование со кое би се гордееле. Имајќи јасна слика пред себе, во наредниот период активно ќе работиме на остварување на зацртаните цели. Воедно на учениците им посакуваме успешна учебна година, со желба истата да биде запаметена како година на генерации од кои сите ќе се гордееме!

Роберт Аџипетров
Раководител на одделение за образование
Општина Штип

━ повеќе содржини

Најновиот телевизор на LG, личи на постер за ѕид и чини “само” 4700 евра!

Еден од највпечатливите уреди претставени на CES 2026 беше новиот телевизор „Wallpaper“ од LG, односно моделот LG OLED evo W6, кој привлече внимание со својот необичен дизајн...

Ќе има ли олеснување на граница? Македонија бара од Грција да ги укине биометриските проверки за летната сезона

Неизвесноста околу летната туристичка сезона се зголемува, откако македонската Туристичко-угостителска комора официјално побара од грчките власти туристите од земјава да бидат изземени од биометриските...

Успешно реализиран “Отворен и кариерен ден 2026 на УГД”

Отворен и кариерен ден 2026 на УГД Над 50 компании и стотици млади во директна средба со академијата и бизнисот. Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип го...

Во недела во Штип – четврто издание на Superior Runs, изменет сообраќаен режим!

Штип во недела со изменет сообраќаен режим поради трката „Superior Runs 2026“ На 26 април, недела, во Штип ќе се одржи градската трка „Superior Runs...

Каратистите сами ќе го финансираат настапот на Европското првенство во Франкфурт

Карате федерацијата на Македонија (КФМ) донесе одлука натпреварувачите кои веќе имаат обезбедија учество на Европско првенство за сениори во Франкфурт, Германија, од 20 до...
spot_img