5.3 C
Shtip
spot_img

Кои се најбогатите познати личности во 2025 година?

Тејлор Свифт, Арнолд Шварценегер и Ким Кардашијан се најдоа меѓу најбогатите познати личности за 2025 година. Следат ѕвездите кои изминатово десетлетие успеаја да заработат над милијарда долари, според „Форбс“.

Џери Сајнфелд достигна 1,1 милијарда долари. Овој комичар продолжува да заработува многу пари благодарение на фактот што неговата ТВ-серија „Сајнфелд“ (Seinfeld) постојано се повторува и се продава на стрим-услугите. Само договорот со Нетфликс му донесе неколку стотици милиони долари на овој американски глумец.

И Арнолд Шварценегер има 1,1 милијарда долари. Освен како ѕвезда на акционите филмови, познатиот „Терминатор“ е успешен и по бројните инвестиции во недвижнини.

Брус Спрингстин има богатство од 1,2 милијарди долари. Познат рокер ги продаде правата за својот музички каталог и на тој начин заработи над половина милијарда долари. Иако самиот тврди дека не е милијардер, „Форбс“ вели поинаку.

Ријана „тежи“ 1,4 милијарди долари. Пејачката од Барбадос, Робин Ријана Фенти одамна нема издадено нов албум, но затоа нејзината козметичка линија „Фенти Бјути“ (Fenty Beauty) постигна огромен успех, во спој со линијата долна облека „Севиџ Х“ (Savage X Fenty).

Тајлер Пери има 1,4 милијарди долари. Тој стана познат преку серијалот филмови „Мадеа“, а сега има свое студио, па и така соработува со големи стрим-услугите.

Тејлор Свифт вреди 1,6 милијарди долари. Како име и бренд, со години доминира на музичката сцена. Покрај тоа што редовно е присутна со албуми на топ-листите, нејзината последна „Ерас турнеја“ (The Eras Tour) заработи над 2 милијарди долари.

Ким Кардашијан има богатство од 1,7 милијарди долари. Својата популарност ја стекна преку семејното реално шоу, а потоа се фрли во претприемничките води. Зарабатува и со своите козметички и модни линии, како што е брендот за долна облека „СКИМС“ (SKIMS) со којшто постигна огромен успех.

Џеј Зи надмина 2,5 милијарди долари. Тој се прослави преку музиката, т.е повеќе успешни албуми. Ја основа и издавачката куќа „Рок-а-фела“ (Roc-A-Fella), како и стрим-платформата „Тидал“ (Tidal). Се занимава и со инвестирање во недвижнини и алкохол.

Опра Винфри вреди три милијарди долари. Откако се прослави во 80-тите преку филмот „Боја пурпурна“ (The Color Purple), набрзо потоа основаше и своја емисија што траеше 25 години. Имаше и сопствено списание, телевизиска мрежа, како и споредна глумечка кариера. 

━ повеќе содржини

ГКК Штип се засили со бек од Соединетите Американски Држави

Новиот член на најдобрата македонска кошаркарска конкуренција ГКК Штип ги засили своите редови со бек од Соединетите Американски Држави. Се работи за 24-годишниот Лангстон Лав...

Штипјанката Ива Колева со историски деби настап во сениорската репрезентација

Историски момент за штипската кошарка! Седумнаесетгодишната Ива Колева стана првата штипјанка која добила повик во сениорската женска кошаркарска репрезентација на Македонија, испишувајќи нова страница...

Професорката на УГД Јаневиќ-Ивановска одликувана со орден во Франција

Професорката Емилија Јаневиќ-Ивановска, која предава на студиската програма по фармација на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, доби значајно француско признание за својата академска и...

Вечерва: Традиционална ноќна трка по повод Денот на ослободувањето на Штип

Штип вечерва повторно ќе биде во знакот на спортот, традицијата и одбележувањето на еден од најзначајните датуми во историјата на градот. По повод 8...

Авио-спектакл во Штип!

Небото над Штип повторно ќе биде место на авијациска возбуда, пилотска прецизност и прекрасно дружење! Во организација на RIMIN AIR, на Спортскиот аеродром Штип...
spot_img