8.2 C
Shtip
spot_img

КК Соколи на 2 победи до 1-ва лига!

Кошаркарите на штипскиот кошаркарски клуб Соколи 1933 во 1/4 финалната серија од втората македонска кошаркарска лига со 2:0 славеа над КК Бутел од Скопје, после победата и во вториот натпревар на гости, во Скопје.

Со тоа, штипските Соколи закажаа полу-финале против екипата на КК Ангели од Скопје кои исто така во 1/4 финалето славеа со 2:0 против велешки Борец.

Победникот од полуфиналната серија влегува во финале и автоматски е нов прволигаш, бидејки и двајцата финалисти директно влегуваат во прва лига, а одигрувањето на финалето во втората лига е само формалност. Полуфиналниот дуел, исто така се игра до 2 победи.

━ повеќе содржини

Конзервација и реставрација на Акрополот на тврдината Исар во Штип

Со инвестиција од 94,7 милиони денари од Владата, во Штип се реализира проектот за конзервација, реставрација и делумна реконструкција на Акрополот на тврдината Исар. Проектот...

Голот од корнер “ја прели” чашата. Јашар повеќе не е голман на Брегалница!

Амир Јашар повеќе нема да го брани голот на Брегалница. Иако сè уште се очекува официјална потврда од клубот, според информациите од Штип, разделбата...

Од денес семафори и наизменичен сообраќај поради санација на оштетен мост на експресен пат Штип-Радовиш, клучка Бучим

СТРАБАГ АГ Подружница Страбаг Скопје преку АМСМ известува дека денес од 24.11.2026 (вторник) на експресниот пат Штип-Радовиш, во близина на клучка Бучим ќе се...

ГОРДОСТ НА МАКЕДОНИЈА: ШТИПЈАНЕЦОТ ПАНЧЕ НАУМОВ СО НОВО ПРИЗНАНИЕ, ГОСТУВАШЕ ВО КИНЕСКАТА АКАДЕМИЈА НА НАУКИТЕ

Македонскиот научник Панче Наумов (50) од Штип продолжува да ја афирмира Македонија на светската научна сцена. Минатиот месец гостуваше во Институтот за истражување на...

Почина штипјанецот Ванчо Коцев, поранешен пратеник во Собранието на Македонија

Вчера во Штип почина Ванчо Коцев, поранешен пратеник во Собранието на Македонија и човек кој остави свој белег во политичкиот и општествениот живот.Веста за...
spot_img