19.4 C
Shtip
spot_img

И единствениот противпожарен апарат што се гледа на една од снимките не бил соодветен

– Противпожарниот апарат што се гледа на една од снимките со кој се гаси почетниот пожар е несоодветен, наменет е за гасење оган кај електрични уреди под напон, а не од таков вид каков што беше во „Пулс“. Ако тој апарат беше со прав, во најмала рака ќе го забавеше ширењето на пожарот и ќе дадеше многу повеќе време за евакуација на младите. Од друга страна, присутните во дискотеката во првиот момент не ја сфаќаат сериозно опасноста и наместо да се упатуваат кон излезот, тие снимаат со мобилните телефони. Заедничко во двата момента е незнаењето и недоволната едукација, нешто што во иднина треба да се сфати многу сериозно и да се работи на тоа, секој од нас да има елементарно познавање за противпожарна заштита, истакнува Претседателот на Доброволното противпожарно друштво – Кочани, Златко Илијев, кој оценува дека недостигот од основно познавање на населението за однесување при пожар е една од клучните причини за трагични последици.

Според Илијев, интервенцијата на кочанските пожарникари во гаснењето на пожарот и спасувањето на младите лица во дискотеката „Пулс“, беше пожртвувана и храбра. Десетина дена по трагедијата и кај нив сѐ уште е присутен шокот од последиците што ги предизвика огнената стихија, иако во досегашното работење се соочувале со голем број слични предизвици.

Тројца пожарникари се здобија со изгореници и проблеми со дишните патишта, при што двајца се со полесни повреди, а поради вдишување отровен чад и телесни повреди командирот на ТППЕ – Кочани, Драган Апостолов заврши на Клиниката за токсикологија во Скопје. Според последните информации, тој закрепнува и се чувствува добро, па се очекува идната недела да биде пуштен на домашно лекување.

И покрај недоволниот број пожарникари и дотраената опрема, ТППЕ – Кочани, заедно со колегите од Доброволното противпожарно друштво од Кочани и од Територијалните противпожарни единици од Виница, Штип, Пробиштип и Свети Николе интервенираа според можностите и спречија во катастрофата да има и други жртви и повредени.

Поддршка и признание за нивната пожртвуваност добија и од претседателката Гордана Силјановска Давкова, која ја посети ТППЕ – Кочани и упати благодарност за дејствувањето во трагичниот настан.

Во ТППЕ – Кочани со години нема значителна промена во кадарот, односно има вработено 16 лица, иако според бројот на населението на територијата што ја покриваат, треба да се минимум 33. Освен во општина Кочани, тие имаат обврска да интервенираат и во соседните општини Зрновци и Чешиново-Облешево. Блок-дотацијата што на годишно ниво ја добиваат од Министерството за внатрешни работи изнесува нешто помалку од 10,5 милиони денари, од кои треба да се покријат бруто платите и другите обврски. Дополнително учествува и Општината со свои буџетски средства.

– Со потпишување договор и утврдени цени за услугите меѓу општина Кочани и соседните две општини, тие треба финансиски да учествуваат за извршените услуги. Тој договор ниту еднаш до сега не е испочитуван и покрај укажувањата од наша страна. Практично, работиме со 45 отсто од предвидениот законски Правилник за пожарникарство, односно еден човек работи за две работни места, а просечната старост на пожарникарите е 48 години. Возниот парк е стар, набавен главно од донации, а Општина Кочани едвај може да обезбеди сервисирање, а уште помалку да обезбеди ново возило, опрема и обувки, макар и преку проекти од Источниот плански регион и слично, затоа што се смета дека потребите ни се задоволени, истакнува командирот на ТТПЕ Апостолов.

Личните трагедии по пожарот во Кочани се големи. И пожарникарите се соочија со загинати или повредени блиски во семејствата, а тажен е примерот на брачниот пар Антови, кој е дел од Доброволното противпожарно друштво од Кочани, а во пожарот ја изгуби единствената ќерка.

Според евиденцијата во ТППЕ – Кочани, од почетокот на оваа година, сѐ до последниот трагичен пожар, пожарникарите имале вкупно 58 интервенции, од шумски, полски и пожари на објекти до укажување помош во повеќе сообраќајни несреќи, во кои имало и две жртви.

━ повеќе содржини

Штипјанката Билјана Донева го освои Grossglockner – искачи 3.798 метри на највисокиот врв во Австрија

Штипјанката Билјана Донева запиша уште едно значајно планинарско достигнување, успешно искачувајќи го Grossglockner, највисокиот врв во Австрија, висок импресивни 3.798 метри.Донева до врвот стигна...

Света Петка ѝ се јавила во сон – приказната за светата вода кај штипското село Аргулица

Во близина на штипското село Аргулица, во атарот на Општина Карбинци, стои светото место посветено на Света Петка Параскева. Манастирската црква „Св. Петка“ и...

Штипјанец ја прави најдобрата ракија во светот: Ракијата „Бараба“ е прогласена за најдобра во светот на меѓународен натпревар во Лондон!

Ракијата Бараба е прогласена за најдобрата ракија во светот на меѓународен натпревар во Лондон, а технологот кој ја произведува е Александар Рунчев од Штип. IWSC...

Полицијата во Штип приведе 29-годишна жена со марихуана

На 05.09.2026 во 22:45 часот на ул. „Тодор Чучков“ во Штип, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР...

Лигата на шампионите доаѓа во Штип!

Одбојкарскиот клуб Штип УГД, кој за прв пат лани ја освои двојната круна во првенството и купот, годинава премиерно ќе настапува во одбојкарската Лига...
spot_img