1 C
Shtip
spot_img

Започна уредувањето на Стар Конак – една од најстарите населби во Штип

Општина Штип започна со активности за целосно уредување на една од најстарите и најзначајни населби во градот – Стар Конак. Просторот ќе добие нов, модерен изглед со поплочување со павер елементи, откако претходно беше целосно заменета дотраената водоводна и канализациона мрежа.

„Започнуваме со уредување на едно од најстарите градски населби – Стар Конак. Овде се завршени работите на подземната инфраструктура, а денес се почнува со поплочување,“ изјави градоначалникот Иван Јорданов.

За реализација на проектот се издвоени околу 1.600.000 денари од буџетот на Општина Штип. Според најавите, уредувањето ќе биде завршено во текот на наредните неколку дена.

Историско значење и нов лик

Стар Конак, како што нагласи Јорданов, претставува една од најстарите урбани јадра на Штип, но со години наназад беше занемарена од страна на институциите. „Ме радува што конечно влегуваме со конкретни активности и му даваме нов лик на простор кој го заслужува тоа,“ додаде тој.

Планско и фазно уредување

Општината се придржува до стратегија со два клучни чекори:

  1. Заменa на старата подземна инфраструктура (водовод и канализација)
  2. Уредување на површината со соодветни градежни активности

Овој модел се применува и во останатите делови од градот, каде веќе се активни градежни екипи. Со подобрување на временските услови, се зголемува и динамиката на работа.

Цел: Модерен Штип и подобри услови за живот

Целта на локалната власт е јасна – модернизација на градот и обезбедување на поквалитетни услови за живот за сите граѓани.

„Секој ден кога се менува застарената мрежа, веднаш потоа се пристапува кон финално уредување на улиците и површините,“ потенцираше Јорданов.

━ повеќе содржини

Обновена бензинска станица „112 Три Чешми“ Штип повторно во функција

Грижата за потребите на потрошувачите и обезбедувањето квалитетно, сигурно и економичноснабдување со нафтени деривати, гас и биогорива се постојан приоритет на „Макпетрол“ АД.Како водечки...

Конзервација и реставрација на Акрополот на тврдината Исар во Штип

Со инвестиција од 94,7 милиони денари од Владата, во Штип се реализира проектот за конзервација, реставрација и делумна реконструкција на Акрополот на тврдината Исар. Проектот...

Голот од корнер “ја прели” чашата. Јашар повеќе не е голман на Брегалница!

Амир Јашар повеќе нема да го брани голот на Брегалница. Иако сè уште се очекува официјална потврда од клубот, според информациите од Штип, разделбата...

Од денес семафори и наизменичен сообраќај поради санација на оштетен мост на експресен пат Штип-Радовиш, клучка Бучим

СТРАБАГ АГ Подружница Страбаг Скопје преку АМСМ известува дека денес од 24.11.2026 (вторник) на експресниот пат Штип-Радовиш, во близина на клучка Бучим ќе се...

ГОРДОСТ НА МАКЕДОНИЈА: ШТИПЈАНЕЦОТ ПАНЧЕ НАУМОВ СО НОВО ПРИЗНАНИЕ, ГОСТУВАШЕ ВО КИНЕСКАТА АКАДЕМИЈА НА НАУКИТЕ

Македонскиот научник Панче Наумов (50) од Штип продолжува да ја афирмира Македонија на светската научна сцена. Минатиот месец гостуваше во Институтот за истражување на...
spot_img