13.8 C
Shtip
spot_img

Започнаа градежни активности во населба Леваци: Нови проекти и подобрувања

Согласно динамиката на градежните активности, со задоволство ви соопштуваме дека до крајот на оваа година, жителите на улиците Христијан Т. Карпош, АСНОМ, Рудо, Боро Милевски и Коле Неделков ќе добијат нова инфраструктура.

Овој проект предвидува целосна промена на водоводната мрежа, реконструкција на тротоарските површини и асфалтирање на улиците.

Со реализација на оваа значајна иницијатива, која ќе се реализира во неколку фази, по 50 години жителите на оваа населба ќе добијат современа инфраструктура што ќе ги олесни секојдневните активности и ќе придонесе за подобрување на квалитетот на животот.

Следете нè за понатамошни информации и ажурирања во врска со напредокот на проектот.

━ повеќе содржини

ГКК Штип се засили со бек од Соединетите Американски Држави

Новиот член на најдобрата македонска кошаркарска конкуренција ГКК Штип ги засили своите редови со бек од Соединетите Американски Држави. Се работи за 24-годишниот Лангстон Лав...

Штипјанката Ива Колева со историски деби настап во сениорската репрезентација

Историски момент за штипската кошарка! Седумнаесетгодишната Ива Колева стана првата штипјанка која добила повик во сениорската женска кошаркарска репрезентација на Македонија, испишувајќи нова страница...

Професорката на УГД Јаневиќ-Ивановска одликувана со орден во Франција

Професорката Емилија Јаневиќ-Ивановска, која предава на студиската програма по фармација на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, доби значајно француско признание за својата академска и...

Вечерва: Традиционална ноќна трка по повод Денот на ослободувањето на Штип

Штип вечерва повторно ќе биде во знакот на спортот, традицијата и одбележувањето на еден од најзначајните датуми во историјата на градот. По повод 8...

Авио-спектакл во Штип!

Небото над Штип повторно ќе биде место на авијациска возбуда, пилотска прецизност и прекрасно дружење! Во организација на RIMIN AIR, на Спортскиот аеродром Штип...
spot_img