Македонската хип-хоп група ЕМИГРАНТИ го објави својот најнов сингл „SuperMen“, кој излезе симболично на петок 13-ти. Станува збор за енергична trap/hip-hop трака со силна порака – борба против негативноста, хејтерите и сите препреки што стојат на патот кон успехот. „SuperMen“ не е само песна, туку став. Химна за сите што не се откажуваат, што се борат и продолжуваат напред без разлика на околностите. Со модерен звук, силен ритам и препознатлив стил, ЕМИГРАНТИ носат сосема нова енергија на сцената. По големиот успех на „Ноќи Долги“, која достигна над 100.000 прегледи за само 35 дена, групата покажува дека има што да каже и во сосема поинаков правец. Додека „Ноќи Долги“ носеше емотивна и длабока приказна, „SuperMen“ е директна, моќна и полна со адреналин. Песната е достапна на сите дигитални платформи, а повеќе информации можете да најдете на: www.emigrantimusic.com
ЕМИГРАНТИ продолжуваат да градат свој уникатен звук и да испраќаат пораки кои допираат до публиката – овојпат погласно, посилно и поборбено од кога било.
На линкот може да ја проследите траката:
Инаку, “Емигранти” е проект на штипскиот хип-хоп артист Влатко Јакимов, член на дуото “Како Браќа”, кој моментално живее и твори во Англија.







