9.5 C
Shtip
spot_img

Експертиза: „Прифаќањето на лузните на телото е комплексно, но поважно е да се работи на траумата“

Д-р Тиана Ивановска, која меѓу првите беше на лице место во Кочани кобната вечер, зборува за справувањето со новата реалност на семејствата кои загубиле близок, за тоа како преживеаните да ги прифатат промените на телото по повредите и изгорениците настанати во пожарот, за надминување на вината кај преживеаните кои не спасиле некој друг, но и паранојата да ги пуштиме децата повторно во дискотека.

“Првите денови од трагедијата не бевме многу фокусирани на советодавен аспект бидејќи луѓето беа во огромен шок. Нашиот ангажман беше теренски и фокусот беше ставен на семејствата кои ги бараа своите блиски или пак чекаа медицинска информација за нивното здравје. Во овој дел се работеше најмногу прва психолошка помош со луѓето кои беа преплашени, во паника и во тешка неизвесност.” – вели Ивановска.

М-р Тиана Ивановска, психолог, Гешталт психотерапевт, работи во областа на психологијата 10 години.

Веќе 5-та година е дел од СебеСложувалкa (чиј основач е токму таа), каде заедно со тим од психолози работат на психотерапија за деца и возрасни.

„Во работата со клиенти најмногу уживам во последните 5 минути од сесијата кога ќе го видам сјајот во нивните очи. Идејата дека некому си му помогнал да се чувствува добро во сопствената кожа и да го подобри квалитетот на својот живот, му дава смисла на мојот“ – вели таа за себе.

━ повеќе содржини

EMIGRANTI на штипјанецот Влатко Јакимов во нов сингл!

Хип-Хоп групацијата во Лондон, предводена од штипскиот музички артист Влатко Јакимов вчера го објави својот нов сингл "Татко и син" во кој Влатко настапува...

ГКК Штип се засили со бек од Соединетите Американски Држави

Новиот член на најдобрата македонска кошаркарска конкуренција ГКК Штип ги засили своите редови со бек од Соединетите Американски Држави. Се работи за 24-годишниот Лангстон Лав...

Штипјанката Ива Колева со историски деби настап во сениорската репрезентација

Историски момент за штипската кошарка! Седумнаесетгодишната Ива Колева стана првата штипјанка која добила повик во сениорската женска кошаркарска репрезентација на Македонија, испишувајќи нова страница...

Професорката на УГД Јаневиќ-Ивановска одликувана со орден во Франција

Професорката Емилија Јаневиќ-Ивановска, која предава на студиската програма по фармација на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, доби значајно француско признание за својата академска и...

Вечерва: Традиционална ноќна трка по повод Денот на ослободувањето на Штип

Штип вечерва повторно ќе биде во знакот на спортот, традицијата и одбележувањето на еден од најзначајните датуми во историјата на градот. По повод 8...
spot_img