25.4 C
Shtip
spot_img

Дојава за бомба во клуб во Сараево, итно прекинат концертот на Буба Корели и Јала Брат!

Настапот на босанските музичари Јала Брат (Јасмин Фазлиќ) и Буба Корели (Амар Хоџиќ) во клуб во Сараево бил итно прекинат. Сите гости биле брзо евакуирани од локалот откако настапот на Џала и Буба бил прекинат, а причината била – дојава за бомба.

Како што потврдиле од Оперативниот центар на МУП на кантонот Сараево , на терен биле испратени полицајци, поради дојава за бомба.

На крајот, по темелниот преглед се испоставило дека станува збор за лажна дојава на бомба, пренесува босанскиот портал „Кликс“.

Да потсетиме, познати рапери од Босна и Херцеговина го посетија Белград во јуни за првпат од 2021 година, кога им беше забранет влез во Србија.

━ повеќе содржини

Штипјанката Билјана Донева го освои Grossglockner – искачи 3.798 метри на највисокиот врв во Австрија

Штипјанката Билјана Донева запиша уште едно значајно планинарско достигнување, успешно искачувајќи го Grossglockner, највисокиот врв во Австрија, висок импресивни 3.798 метри.Донева до врвот стигна...

Света Петка ѝ се јавила во сон – приказната за светата вода кај штипското село Аргулица

Во близина на штипското село Аргулица, во атарот на Општина Карбинци, стои светото место посветено на Света Петка Параскева. Манастирската црква „Св. Петка“ и...

Штипјанец ја прави најдобрата ракија во светот: Ракијата „Бараба“ е прогласена за најдобра во светот на меѓународен натпревар во Лондон!

Ракијата Бараба е прогласена за најдобрата ракија во светот на меѓународен натпревар во Лондон, а технологот кој ја произведува е Александар Рунчев од Штип. IWSC...

Полицијата во Штип приведе 29-годишна жена со марихуана

На 05.09.2026 во 22:45 часот на ул. „Тодор Чучков“ во Штип, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР...

Лигата на шампионите доаѓа во Штип!

Одбојкарскиот клуб Штип УГД, кој за прв пат лани ја освои двојната круна во првенството и купот, годинава премиерно ќе настапува во одбојкарската Лига...
spot_img