-0.6 C
Shtip
spot_img

Доколку имате заштеда во евра, ова се одлични вести за вас

Еврото и понатаму во раст – достигна највисока вредност во последниве три години.

Еврото продолжува да зајакнува во однос на американскиот долар, достигнувајќи денеска највисока вредност од февруари 2022 година наваму.

Според берзанските податоци, во 10:10 часот утрово, еврото се тргуваше за 1,13556 американски долари. Овој раст се случува во контекст на зголемена неизвесност поврзана со царинската политика на американскиот претседател Доналд Трамп, што дополнително го нарушува доверението на инвеститорите во американската економија, пренесува „Trading Economics“.

Според проценките, до крајот на неделата, еврото би можело кумулативно да порасне за дури 3,5% во однос на доларот.

Претходно оваа недела, претседателот Трамп најави 90-дневна суспензија на реципрочните царини, во обид да се создаде простор за нови трговски преговори. Европската унија возврати со идентична мерка, укинувајќи ги сопствените царини на американска стока.

Сепак, францускиот претседател Емануел Макрон предупреди дека оваа „пауза“ е кревка и привремена, нагласувајќи дека деловната доверба и понатаму ќе остане под притисок. ЕУ повтори дека нема да го менува својот дигитален регулаторен оквир како услов за трговски договор со САД.

━ повеќе содржини

Конзервација и реставрација на Акрополот на тврдината Исар во Штип

Со инвестиција од 94,7 милиони денари од Владата, во Штип се реализира проектот за конзервација, реставрација и делумна реконструкција на Акрополот на тврдината Исар. Проектот...

Голот од корнер “ја прели” чашата. Јашар повеќе не е голман на Брегалница!

Амир Јашар повеќе нема да го брани голот на Брегалница. Иако сè уште се очекува официјална потврда од клубот, според информациите од Штип, разделбата...

Од денес семафори и наизменичен сообраќај поради санација на оштетен мост на експресен пат Штип-Радовиш, клучка Бучим

СТРАБАГ АГ Подружница Страбаг Скопје преку АМСМ известува дека денес од 24.11.2026 (вторник) на експресниот пат Штип-Радовиш, во близина на клучка Бучим ќе се...

ГОРДОСТ НА МАКЕДОНИЈА: ШТИПЈАНЕЦОТ ПАНЧЕ НАУМОВ СО НОВО ПРИЗНАНИЕ, ГОСТУВАШЕ ВО КИНЕСКАТА АКАДЕМИЈА НА НАУКИТЕ

Македонскиот научник Панче Наумов (50) од Штип продолжува да ја афирмира Македонија на светската научна сцена. Минатиот месец гостуваше во Институтот за истражување на...

Почина штипјанецот Ванчо Коцев, поранешен пратеник во Собранието на Македонија

Вчера во Штип почина Ванчо Коцев, поранешен пратеник во Собранието на Македонија и човек кој остави свој белег во политичкиот и општествениот живот.Веста за...
spot_img