24.1 C
Shtip
spot_img

„Докази за вода и древни „плажи“ на Марс“?

Марс некогаш бил домаќин на океани и песочни брегови, многу различни од денешната пустинска, ледена и радијациона средина, покажува истражување на научници од Пен Стејт универзитетот во САД и Универзитетот Гуангжу во Кина.

Откриените „плажи“ се резултат на анализата на подземните снимки добиени од кинескиот ровер „Журонг“. Според овие податоци, кои потекнуваат од северните рамнини на Марс, многу веројатно се потврдува дека некогаш постоел океан, изјавува д-р Бенџамин Карденас, еден од авторите на истражувањето.

„Радарските снимки покажуваат дури и најмали промени во големината на седиментите, што укажува на присуство на плима и бранови кои биле активни во подолг период. Плажата се наоѓа меѓу плитка вода, воздух и копно, што на Земјата е една од средините каде животот започнал. Ова е одлично место за мисија која ќе истражува евентуални знаци на живот“, додава Карденас.

Истражувачите долго време расправале дали Марс некогаш имал океани, а ова откритие посочува на можноста од постоење на големи водни површини во минатото. Постои и доказ за присуство на реки и езера, а научниците сè повеќе сугерираат дека може да има течна вода под површината на „Црвената Планета“.

━ повеќе содржини

Строг закон за коцкање: 500 метри подалеку од училишта

Со новиот закон што го изгласа Собранието, државата воведува серија забрани и ограничувања – од задолжително растојание од 500 местри од училишта до рестрикции...

Замрзнатото месо има рок на траење: еве колку долго може да се чува во замрзнувач

Правилното складирање на храната, особено месото, е исклучително важно за зачувување на нејзиниот квалитет и здравје. Иако замрзнувањето го продолжува рокот на траење, секој вид...

Весна го одгледува најскапиот зеленчук во светот: Килограм чини дури 20.000 долари

Додека многумина ја напуштаат селската средина во потрага по подобар живот, Весна Бошњак од населбата Омањска во Босна и Херцеговина останува верна на земјоделството...

„РОАМИНГ КАКО ДОМА“ – највисок приоритет за Македонија, порача министерот Андоновски

Македонија да се приклучи кон европскиот режим „Роаминг како дома“ без одложување веднаш штом пристигне мислењето за предложената правна рамка, побара министерот за дигитална...
spot_img