10.4 C
Shtip
spot_img

Добра вест за несоница, мала дневна промена може да го подобри сонот

Недоволниот и неквалитетен сон е поврзан со многу болести. Познато е дека постојано премалиот сон во текот на ноќта може да ја зголеми, на пример, отпорноста на инсулин и на тој начин да го зголеми ризикот од развој на дијабетес тип 2.

Лошиот сон е поврзан и со депресија и кардиоваскуларни болести.

Исто така, познато е дека одредени промени во животниот стил, како што се промена на вашата исхрана на поздрава, намалување на внесот на кофеин и откажување од пушење може да го подобрат квалитетот на вашиот сон и истовремено да го подобрат вашето здравје.

Истражувачите од Исландскиот Универзитет Рејкјавик сега откриле дека луѓето кои редовно вежбаат најмалку два пати неделно по еден час имаат помала стапка на несоница и поголема веројатност да спијат 6-9 часа навечер.

Одличен ефект

Истражувачите ги анализирале податоците за активноста и спиењето на 4.339 учесници во период од 10 години. Учесниците беа на возраст од 39-67 години од девет различни европски земји. Истражувачкиот тим го зеде предвид и индексот на телесна маса (БМИ) на учесниците и историјата на пушење.

Тие откриле дека оние кои вежбале најмалку два пати неделно имале 42 отсто помали шанси да имаат проблеми со спиењето.

Оние учесници кои биле активни секој ден имале 55 отсто поголеми шанси да имаат добар сон без проблеми со спиењето.

Според студијата, резултатите може да се објаснат со фактот дека физички активните луѓе имаат поголема веројатност да следат поздрав начин на живот, што исто така може да влијае на спиењето.

━ повеќе содржини

Конзервација и реставрација на Акрополот на тврдината Исар во Штип

Со инвестиција од 94,7 милиони денари од Владата, во Штип се реализира проектот за конзервација, реставрација и делумна реконструкција на Акрополот на тврдината Исар. Проектот...

Голот од корнер “ја прели” чашата. Јашар повеќе не е голман на Брегалница!

Амир Јашар повеќе нема да го брани голот на Брегалница. Иако сè уште се очекува официјална потврда од клубот, според информациите од Штип, разделбата...

Од денес семафори и наизменичен сообраќај поради санација на оштетен мост на експресен пат Штип-Радовиш, клучка Бучим

СТРАБАГ АГ Подружница Страбаг Скопје преку АМСМ известува дека денес од 24.11.2026 (вторник) на експресниот пат Штип-Радовиш, во близина на клучка Бучим ќе се...

ГОРДОСТ НА МАКЕДОНИЈА: ШТИПЈАНЕЦОТ ПАНЧЕ НАУМОВ СО НОВО ПРИЗНАНИЕ, ГОСТУВАШЕ ВО КИНЕСКАТА АКАДЕМИЈА НА НАУКИТЕ

Македонскиот научник Панче Наумов (50) од Штип продолжува да ја афирмира Македонија на светската научна сцена. Минатиот месец гостуваше во Институтот за истражување на...

Почина штипјанецот Ванчо Коцев, поранешен пратеник во Собранието на Македонија

Вчера во Штип почина Ванчо Коцев, поранешен пратеник во Собранието на Македонија и човек кој остави свој белег во политичкиот и општествениот живот.Веста за...
spot_img