11.9 C
Shtip
spot_img

Денеска е светски ден за борба против туберкулоза

Туберкулозата не е болест од минатото – таа сè уште претставува закана за милиони луѓе ширум светот. Може да се излечи, но, само ако се открие навреме, порачува Институтот за јавно здравје по повод Светскиот ден за борба против туберкулоза – 24 Март,  глобална иницијатива за подигнување на свеста за оваа сериозна заразна болест, нејзините последици и начините за превенција и лекување. Пораката за Светскиот ден против туберкулоза годинава е „Време е за акција!“.

Според последните податоци со кои располага Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) на Република Северна Македонија, бројот на новорегистрирани случаи на туберкулоза во 2023 година изнесувал 160 случаи. Од тие 160, мажи биле 109, а жени – педесет и еден.

– Состојбата за 2023 е слична како и за претходните години, со мало намалување во споредба со 2018 и 2019 година, каде бројот изнесувал 217 за 2018 година, односно 199 случаи за 2019 година. Вкупниот број на активни случаи во државава за 2023 изнесувал 290, од нив – 230 биле мажи, а 60 жени, информираат денеска од Институтот. 

Бројот на соодносот на случаи на ТБ кај мажи е 2:1 во сооднос со ТБ кај жени, односно ова заболување е многу почесто кај машката популација на Македонија. Од ИЈЗ потенцираат дека низ годините има пораст на бројот на нови случаи, што е загрижувачки тренд, бидејќи за ова заболување има достапна вакцинација и достапен третман.

– И покрај тоа што туберкулозата е болест што може да се спречи и излечи, таа и понатаму претставува глобален здравствен проблем, особено во земјите со ниски и средни приходи. Според последните податоци на Светската здравствена организација (СЗО), милиони луѓе секоја година заболуваат од туберкулоза, а илјадници животи се губат поради доцно дијагностицирање или недоволен пристап до соодветен третман, додаваат од ИЈЗ.

Туберкулозата е заразна болест што главно ги напаѓа белите дробови, но, може да зафати и други органи, како што се коските, мозокот и бубрезите. Болеста се шири преку воздухот, кога заразеното лице кашла или кива. Некои од најчестите симптоми што ги наведува ИЈЗ се долготрајна кашлица – повеќе од две недели, болка во градите, замор и слабост, ненадејно губење на телесна тежина, ноќни потења и треска.

– Иако во последните децении има значителен напредок во дијагностиката и третманот, борбата против туберкулозата сè уште се соочува со многу предизвици. Недоволен пристап до здравствена грижа – во многу сиромашни земји, дијагнозата и третманот се скапи или недостапни. Антибиотска резистенција – зголемената отпорност на бактеријата кон лековите го отежнува лекувањето. Стигматизација и недостаток на информации – многу заболени лица избегнуваат медицинска помош поради страв од социјална осуда, истакнуваат од ИЈЗ.

Се истакнува дека образованието е клучно за рано откривање и превенција. БСЖ вакцината е ефикасна за заштита на децата од тешки форми на туберкулоза. Се алармира на редовни здравствени прегледи – доколку се почувствуваат симптоми, веднаш да се побара лекарска помош.

– Поддржете ги програмите за борба против туберкулозата – волонтирајте, донирајте и залагајте се за подобра здравствена заштита за сите, додаваат од Институтот.

Според податоците на СЗО во 2023 година, 10,8 милиони луѓе се разболеле од туберкулоза.

– Најголем дел од тие се во ниско развиените земји, особено во Африка и Азија. 1,25 милиони луѓе во светот, според податоците на СЗО, починале како последици од туберкулоза. Позитивно е што откако постојат стратегиите за ТБ во светот, од 2000 година па наваму, околу 79 милиони животи се спасени со кампањите и глобалните напори за крај на туберкулозата, наведуваат од ИЈЗ.

Како што се нагласуваат, туберкулозата не е болест од минатото – таа сè уште претставува закана за милиони луѓе ширум светот.

– Време е за заедничка акција. Со посветеност, информираност и солидарност, можеме да создадеме иднина без туберкулоза, порачуваат од ИЈЗ.

Датумот за одбележување на Светскиот ден на турбкулозата е избран во чест на денот кога д-р Роберт Кох во 1882 година ја откри бактеријата „mycobacterium tuberculosis“, што овозможи напредок во дијагнозата и третманот на болеста.

━ повеќе содржини

РАСПИШАН E ОГЛАС ЗА ИЗБОР НА ЗАМЕНИК-НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ ЗА ШТИП И НЕКОЛКУ ДРУГИ ГРАДОВИ

Народниот правобранител Фатон Сељами распиша оглас за избор на осум заменици кои ќе работат во подрачните канцеларии на институцијата во Скопје, Струмица, Штип, Битола,...

Гитарата на David Gilmour продадена за 14,6 милиони долари – нов рекорд во музичката историја

Легендарната црна гитара „Black Strat“ на David Gilmour, долгогодишниот гитарист на култниот рок-бенд Pink Floyd, испиша ново поглавје во музичката историја. На аукција во...

Светот оди предалеку! Пакет пелени од Gucci чинат 500 евра!

Додека поголемиот дел од родителите се соочуваат со секојдневните трошоци за основните потреби на своите деца, модниот бренд Гучи предизвика лавина реакции со екстремно...

Штип ќе добие нова сообраќајница!

Во деновите пред нас, градоначалникот Јорданов најави активности за трасирање на нова сообраќајница, која практично треба да поврзи две постоечки сообраќајици. Станува збор од...

Која е прекрасната Викторија Бонја, руската контроверзна инфлуенсерка, која му сврте грб на Путин?

Руската инфлуенсерка, ријалити-ѕвезда, манекенка и активистка Викторија Бонја (46) веќе со години го привлекува вниманието на јавноста, вешто балансирајќи меѓу луксузниот живот во Монако...
spot_img