Амир Јашар повеќе нема да го брани голот на Брегалница. Иако сè уште се очекува официјална потврда од клубот, според информациите од Штип, разделбата меѓу голманот и „сините“ веќе е договорена.
Одлуката доаѓа по поразот од Струга ТЛ (1:2), на кој Јашар прими гол директно од корнер. Автор на несекојдневниот погодок беше младиот Алтин Алији.
По натпреварот наводно имало големо незадоволство во редовите на штипскиот тим, а епилогот бил одлука клубот да не смета повеќе на услугите на голманот.







