22.6 C
Shtip
spot_img

Воиграна екипа на адвокат, вештак и независен синдикат од Штип подучуваат здравствени работници како да тужат

Тим сочинет од штипски адвокат, вештак и еден независен синдикат подучуваат вработени по болниците како да тужат и да испумпаат повеќе пари од Фондот за здравствено осигурување, брифираат од ФЗО на брифинг со новинарите. Над 1800 здравствени работници минатата година повеле судски спор со своите установи, а вкупната штета што ја бараат изнесува околу 2, 18 милиони евра. Тужбите се поднесени против повеќе од половина од здравствените установи во земјава, а најмногу се за неисплаќање на законските додатоци на плата, односно за прекувремено работење, ноќни дежурства, работа во смени, во недела и на државни празници, бонус на плата и јубилејни награди. Најмногу штета бараат од Клиниката во Битола, а најмногу тужби поднеле вработени во куманосвката болница. Тужбената епидемија ја зафати и болницата во Кратово, каде биле најавени 65 нови тужби од оваа година, со побарувања од над 3,5 милиони денари или 60 илјади евра.

– Ги повикуваме докторите да ги применуваат правата од законите и колктивните договори таму каде што се оправдани, да пристапуваат кон спогодби за да ги избегнат трошоците за суд и адвокат. Ги повикуваме и здравствените работници, посебно каде има ниска ефикасност во установите да се откажат од тужење, бидејќи дирекно влијаат врз одржливоста на сопствените установи. Воедно работиме со министерството за здравство и со синдикатот да ги остраниме сите нејаснотии во законот и колективниот договор, кој овозможуваат уиграна група на вештаци и адвокати и еден независен синдикат, да наоѓаат сиви зони во колективните договри, изјави генералниот директор на ФЗО, Сашо Клековски

Има болници со под 50% реализација, а имаат повеќе вработени од Клинички центар

Тој предупреди дека состојбата во јавното здравство е неодржлива и дека се неопходни сериозни реформи, посочувајќи на големи разлики во ефикасноста меѓу здравствените установи, нерамномерна распределба на кадарот и проблеми со системот на наградување. На прес-конференцијата за состојбите во јавните здравствени установи, Клековски информираше дека во 2025 година во здравството имало околу 19.000 вработени, за чии плати месечно се издвојуваат околу милијарда и пол денари. Според него, во просек 25 проценти од платите се додатоци, но тие варираат од 10 до 40 проценти зависно од установата, што отвора прашања за начинот на наградување и мотивација на вработените. Тој посочи и дека од вкупниот буџет од 32 милијарди денари наменет за јавното здравство, просечната реализација е само 63 проценти, односно за толкав дел се фактурирани здравствени услуги.

„Имаме центри за јавно здравје со 100 проценти ефикасност, интернистички клиники на Клинички центар со околу 85 проценти реализација, но и општи болници и здравствени домови кои се под 50 проценти. Во тие установи со ниска реализација има повеќе вработени отколку на Клиничкиот центар во Скопје. Има установи кои не даваат толку услуги, колку што трошат пари“, рече Клековски.

Клековски :Во болниците има вишок лекари, недостигаат сестри и медицински кадар

Тој оцени дека постојниот систем не е одржлив и дека мора да се почне со промени во организацијата на здравството. Клековски се осврна и на колективниот договор, за кој рече дека прави разлика меѓу хируршките и интернистичките гранки, особено кога станува збор за додатоците за дежурства. Според него, не секој лекар со хируршка специјалност работи во операциона сала, па сегашниот модел не ја отсликува реалната работа на кадарот.

„Имаме хирурзи кои не влегуваат во сала и тоа не е непозната појава. Во речиси сите здравствени установи имаме вишок лекари, а недостаток на медицински сестри и кадар за поддршка“, изјави тој. Како решение, најави поширока јавна дебата за организацијата на здравствениот систем и движењето на пациентите низ него. Според него, мора јасно да се утврди кои болници за какви интервенции се надлежни и каде пациентите треба да се лекуваат. Како пример посочи дека сложените случаи, како рак на панкреас, треба да завршуваат во терциерното здравство, додека интервенции како слепо црево или кила треба да можат да се изведуваат и во општите болници.

„За да има доверба во системот, лекарите мора континуирано да работат и да имаат доволен број интервенции. Само секојдневната работа ги одржува во кондиција“, рече Клековски.

Инаку, Владата вчера му додели нов четиригодишен мандат на Клековски како генерален директор на ФЗО. 

━ повеќе содржини

Македонија се враќа на Евровизија!

На Јавната седница на програмскиот совет на МРТ, на која присуствуваат претставници на еснафски здруженија, медиумски организации и релевантни институции, Ристоски сподели дека имал...

Автосервис во Штип крадел струја: Штетата е над 150 илјади денари

Во сервис за возила на улица „Железничка“ во Штип е откриен случај на нелегално користење електрична енергија, по акција на инспекциските екипи на Електродистрибуција. Случајот...

Општина Штип денес е домаќин на “Плазма спортските игри за млади”

Денес во Општина Штип се одржаа „Плазма спортските игри за млади“, кои претставуваат најголема аматерска спортска манифестација за млади во Европа, а оваа година...

Денес е Спасовден, го празнуваме Вознесението на Господ Бог!

Во овој ден, во четвртокот на шестата недела по Пасха, го празнуваме Вознесението на Господ Бог и Спасител наш Исус Христос. Бидејќи кога беше...

НК Фаланга и Ултра Банда подготвуваат спектакл по повод влезот на Брегалница во прва лига!

Навивачките клубови Фаланга и Ултра Банда повикуваат на сенародна мобилизација за саботниот меч (23.05.2026) на ФК Брегалница против ФК Победа од Прилеп. Со тој...
spot_img