14.3 C
Shtip
spot_img

Без возачка дозвола на патиштата: Глобата единствена мерка

„Секојдневно се соочуваме со алармантен број на возачи без возачка дозвола кои се појавуваат на улиците во секој македонски град, најмногу во Скопје. И покрај бројните апели, казни и трагични настани, како оној што се случи неодамна во Скопје, проблемот продолжува.

Во 2024 година, биле поднесени 22.645 барања за прекршочни постапки против возачи кои управувале со возило без возачка дозвола. Оваа бројка не ги вклучува возачите кои ја заборавиле дозволата дома или оние на кои им била одземена дозволата. За овој прекршок предвидена е само парична казна.

Одговорот на Министерството за внатрешни работи гласи: „Во 2024 година поднесени се 22.645 барања за прекршочни постапки поради управување на возило без возачка дозвола“, како одговор на прашањето на „Независен“.

Од почетокот на 2025 година, во Скопје се регистрирани речиси 1.200 прекршоци за управување без возачка дозвола – 457 во јануари, а 672 до 26 февруари. Според МВР, овие бројки се однесуваат на сите случаи на возачи кои управуваат со возило без дозвола.“

„Години наназад, состојбата со возачите без дозвола останува иста, а тоа го потврдува податокот дека во текот на 2022 година сообраќајната полиција санкционирала 24.972 возачи кои учествувале во сообраќајот без положен возачки испит, додека една година претходно биле 24.053 возачи.

По трагичната сообраќајна несреќа во која загина младата Фросина Кулакова, кога младиот Васил Јованов, без возачка дозвола и под дејство на алкохол, возел со голема брзина на „Партизанска“ во Скопје, полицијата ги засили сообраќајните контроли.

Но, и покрај оваа трагедија, која треба да биде лекција, возачите низ земјата продолжуваат да возат со брзина, под дејство на алкохол или дроги, а неретко и без возачка дозвола.

Во последните четири дена, околу минатиот викенд, дури 215 возачи биле фатени како управуваат со возило без возачка дозвола.

„Во рамките на извршените сообраќајни проверки изминатиот викенд, од вкупно 2.228 издадени платни налози, 718 се за пречекорување на дозволената брзина, 106 за возење под дејство на алкохол, и 215 за управување без возачка дозвола“, се вели во полицискиот билтен.

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, во интервју за Канал 5 синоќа потврди дека, и покрај трагичниот настан со Фросина, возачите во државата не научиле ништо и продолжуваат да возат без возачка дозвола, брзо и под дејство на алкохол и дрога.“

━ повеќе содржини

Што се слави повеќе во Македонија? Свети Трифун или Свети Валентајн?

На 14-ти февруари според новиот календар (односно 1-ви февруари според стариот календар) е денот на кој се празнуваат празниците свети Трифун и свети Валентин. Свети Трифун претставува православен...

Студент загина во трамвајска несреќа во Сараево

 Окружното обвинителство во Сараево во петокот ја продолжи истрагата за околностите под кои се случи тешката сообраќајна несреќа претходниот ден, кога трамвај излета од...

Девојките од ОК Младост УГД сериозно “гризат” кон место кое води во европските купови

На синоќешниот дуел против екипата на Пелистер Волеј, екипата на ОК Младост УГД победи со максимални 3:0 во сетови. Во едно одлично издание на...

ФК Брегалница ги претстави последните две засилувања пред почетокот на пролетниот дел

Аљбан Мемеди и Никола Талески се двајцата играчи со кои се заокружи списокот на играчи на кои ќе смета Влатко Костов, шеф на стручниот...

САД и Македонија постигнаа Договор за реципрочна, фер и избалансирана трговија

Соединетите Американски Државии Република Северна Македонија постигнаа  Рамковен договор за реципрочна, фер и балансирана трговија за зајакнување билатерални економски односи, што ќе им обезбеди...
spot_img