13.1 C
Shtip
spot_img

Асфалтирање на нова сервисна улица во близина на булеварот „Гоце Делчев“ во Штип

Општина Штип започна со асфалтирање на нова сервисна улица во близина на булеварот „Гоце Делчев“. Во рамки на проектот предвидено е да се асфалтира површина од 3.000 метри квадратни, со вкупна вредност од 3 милиони денари, средства обезбедени од општинскиот буџет.

Градоначалникот Иван Јорданов истакна дека улицата се наоѓа во зона со повеќе стопански и деловни објекти кои долго време имале потреба од подобрување на пристапната инфраструктура.

– Улицата е во непосредна близина на СОУ „Коле Нехтенин“, а активностите што ги преземаме ќе придонесат за значително унапредување на постојната инфраструктура и полесен пристап за граѓаните и бизнисите – изјави Јорданов.

━ повеќе содржини

ГКК Штип се засили со бек од Соединетите Американски Држави

Новиот член на најдобрата македонска кошаркарска конкуренција ГКК Штип ги засили своите редови со бек од Соединетите Американски Држави. Се работи за 24-годишниот Лангстон Лав...

Штипјанката Ива Колева со историски деби настап во сениорската репрезентација

Историски момент за штипската кошарка! Седумнаесетгодишната Ива Колева стана првата штипјанка која добила повик во сениорската женска кошаркарска репрезентација на Македонија, испишувајќи нова страница...

Професорката на УГД Јаневиќ-Ивановска одликувана со орден во Франција

Професорката Емилија Јаневиќ-Ивановска, која предава на студиската програма по фармација на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, доби значајно француско признание за својата академска и...

Вечерва: Традиционална ноќна трка по повод Денот на ослободувањето на Штип

Штип вечерва повторно ќе биде во знакот на спортот, традицијата и одбележувањето на еден од најзначајните датуми во историјата на градот. По повод 8...

Авио-спектакл во Штип!

Небото над Штип повторно ќе биде место на авијациска возбуда, пилотска прецизност и прекрасно дружење! Во организација на RIMIN AIR, на Спортскиот аеродром Штип...
spot_img