2.9 C
Shtip
spot_img

Што е всушност антивоспалителна диета која стана хит во последно време?

Антивоспалителната диета се фокусира на намирници кои ги намалуваат воспаленијата во телото. Притоа, лесно можете да ја приспособите на вашиот животен стил, не мора да трошите многу пари на скапи намирници, но и не мора да се откажете од омилената храна, туку само да бидете умерени.

Денес постојат безброј диети и не секогаш е лесно да одредите што е најдобро за вас ако сакате да се ослободите од вишокот килограми, но и да го подобрите здравјето.

Генерално, експертите советуваат да ги избегнувате брзите диети, кои ветуваат нагло слабеење за краток период бидејќи не се ефикасни долгорочно.

Истовремено, многу рестриктивните диети можат да доведат до недостаток од одредени хранливи материи, а со тоа и здравствен проблеми.

Изминативе неколку години, доста популарни се медитеранската и кето диетата, но нутриционистите сметаат дека можеби најдобра е таканаречената антивоспалителна диета, особено ако целта ви е да го подобрите здравјето.

„Антивоспалителната диета се фокусира на тоа да внесувате храна која се справува со воспаленијата во телото, а да избегнувате намирници кои можат да предизвикаат воспаленија“, вели нутриционистката д-р Нина Краули.

Доброто кај оваа диета е што не мора целосно да се откажете од нездрави намирници, туку само да го ограничите нивниот внес.

Д-р Нина Краули вели дека овој начин на исхрана им се препорачува на луѓе кои имаат хронични заболувања, како дијабетес тип 2, дебелина и кардиоваскуларни болести.

Но, таа истакнува дека дури и да се сте здрава личност, можете да видите придобивки од овој начин на исхрана.

„За некои луѓе, целта не е да ги намалат воспаленијата во телото, но ако го направат тоа, ќе го подобрат здравјето на срцето, полесно ќе ја регулираат тежината, но и ќе ги намалат болката и вкочанетоста во зглобовите“.

Како да ја држите диетата?

Антивоспалителната диета не е класична диета со строго одредени оброци, туку повеќе е како начин на исхрана.

И, лесно е да ја следите – најголем дел од храната што ја внесувате во текот на денот нека биде антивоспалителна.

Во ред е повремено да си дозволувате и од намирниците кои предизвикуваат воспаленија, само важно е да бидете умерени.

Односно, ако денес изедете хамбургер за ручек, тогаш за вечера изедете салата и следниот ден избегнувајте многу преработена храна.

Предноста кај оваа диета е што е едноставна, не мора да трошите многу пари на посебни намирници и лесно можете да ја приспособите на вашиот начин на живот.

Притоа, не треба да се откажувате од омилената храна.

„За разлика од рестриктивните диети кои елиминираат цели групи храна, овој пристап се фокусира на јадење здрави и хранливи намирници кои природно се борат против воспаленијата.

Исто така, сметам дека храната не треба да се карактеризира како ’лоша‘ или ’добра‘, туку треба да се фокусираме на тоа да развиеме здрави навики кои го поддржуваат нашето здравје“, завршува нутриционистката.

━ повеќе содржини

Штипскиот пејач и артист Дарко Андонов – ДААН го продолжува делото на својот познат покоен татко – музичка почит и продолжување на едно семејно...

Поп-рок балада што носи силна емоционална тежина и симболично значење, како чин на почит и сеќавање. Со песната „Крајот е спас“ македонскиот артист и музички...

Уништен автомобилот на познатата пејачка Марија Микиќ доцна синоќа во Македонија

Пејачката Марија Микиќ одржа настап во Скопје, каде што до доцна во ноќта ја забавуваше македонската публика. Сепак, по завршувањето на концертот, Марија ја пречека...

АХВ: Спроведени 262 контрли на безбедноста на новогодишните пакетчиња, утврдени се минимални недоследности

Во пресрет на новогодишните празници, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведе 262 вонредни инспекциски  надзори  за контрола на безбеднста на детските новогодишни пакетчиња....

Календар со неработни денови и државни празници за 2026 година

Во 2026-та нè очекуваат дури 7 до 10 продолжени викенди, па ќе имате многу за планирање. Доколку и вие со нетрпение чекате да видите кои...

Познати добитниците на признанијата 19 декември за 2025 година во Штип!

По повод Денот на градот Штип – Свети Никола, на 19 декември 2025 година ќе бидат доделени општински признанија на поединци и институции кои...
spot_img