25.7 C
Shtip
spot_img

Штипска гордост! ОК “Штип УГД” пишува историја за спорт во Штип

Одбојкарите на Штип УГД втора година по ред успеаа да го освојат трофејот во Купот на Македонија.

Избраниците на Кристиан Ристески во битката за титулата го совладаа составот на Струмица со 3-0 во сетови. Се играше рамноправно во сите три сета, но Штип УГД беше за нијанса подобара и со 25:21, 26:24, 25:21 дојде до уште еден пехар во своите витрини.

Играч на мечот на соочувањето во салата „25. Мај“ во Радовиш беше организаторот на играта Давид Стојанов кој воедно беше прогласен за најкорисен одбојкар на завршницата на Купот на ОФМ.

За напомена, во женското финале Наковски Волеј беше подобар од  Јанта Волеј Кисела Вода со 3:2 во сетови.

━ повеќе содржини

Дополнете ги резервоарите денес – од полноќ поскапување на горивата

Цените на горивата од вечерва на полноќ се зголемуваат, одлучи Регулаторната комисија за енергетика. ЕУРОСУПЕР 95, ЕУРОСУПЕР 98+ и ЕУРОДИЗЕЛ поскапуваат за 1,5 денари. Според новите...

Голем број на TikTok-ови за менталното здравје содржат дезинформации

Повеќе од половина од најпопуларните видеа за менталното здравје на TikTok содржат дезинформации, според истражувањето на британскиот „Гардијан“. Експертите ги оценија 100-те најгледани видеа под...

Череп и човечки коски пронајдени во штипското село Балталија

На 14.06.2025 година во 09.37 часот во СВР Штип, Р.Ш.(60) од  село Балталија, штипско, пријавил дека околу 09.00 часот на место викано „Керезли“, атар на...

Втор конкурс за доделување стипендии „Ацо Шопов“

Фондацијата „Ацо Шопов – Поезија“ денеска го објави вториот конкурс за доделување стипендии „Ацо Шопов“ на млади истражувачи од втор и трет циклус студии... Фондацијата...

Нова летна диета што топи килограми

Летото нѐ потсетува дека не очекуваат жешки денови, а со тоа доаѓа и моментот кога носиме полесна облека. Поради тоа, телото треба да биде...
spot_img