Телото на Свети Спиридон, кое се чува на островот Крф, има постојана температура од 36,6 степени, а според сведоштвата, му растат коса и нокти. Облеката што ја носи се менува на секои шест месеци бидејќи е истрошена, што верниците го сметаат за доказ дека светецот „чекори“ меѓу луѓето. Чуварите раскажуваат дека понекогаш кивотот не може да се отвори, што се толкува како знак дека светецот во тој момент не е присутен.
Научници од целиот свет безуспешно се обидувале да го објаснат феноменот на неговите непропадливи мошти, а според биофизичарите и биохемичарите, не постои научно објаснување – освен чудо.
Иако Свети Спиридон е почитуван православен светец, неговите икони се ретки во некои цркви. Свештениците советуваат дека, и кога нема негова икона, верниците можат да се молат пред иконата на Сите светци.







