24.9 C
Shtip
spot_img

Фестивалот Макфест, по 39-ти пат, ќе се одржи на 25 и 26 октомври во Штип

Фестивалот Макфест годинава ќе се одржи на 25 и 26 октомври во Домот на културата „Ацо Шопов“ во Штип. Наскоро ќе биде соопштена деталната програма на песните и пејачите на 39. издание на фестивалот, а уметнички директор е музичарот Роберт Саздов (фото). Дел од тимот е и продуцентот Јован Јованов, кој живее во Канада, а следниот месец треба да дојде во Македонија.

Минатата година, Владо Јаневски беше ревијален гостин на фестивалот. Јаневски тогаш изјави дека триесет години по хитовите „Чаирска романтика“ и „Еден бакнеж“, кои ги испеа во Штип, доаѓа повторно на Макфест. Дел од ланските учесници беа и Ламбе Алабаковски, Андријана Јаневска, „Љубојна“ и Бојана Скендеровски.

Првиот Макфест се одржа во 1986. Победи словенечката пејачка Хелена Благне со песната „Кога те нема“, со музика на Кире Костов и текст на Васил Пујовски.

━ повеќе содржини

Заврши асфалтирањето пред ОУ „Ванчо Прке“ и ТЦ – следува градежна офанзива

Завршени се градежните активности за асфалтирање на платформата пред основното училиште „Ванчо Прке“, како и на конзолата пред Трговскиот центар. Овие зафати се дел...

Асфалтирано платото и паркингот пред фудбалскиот терен на Бело Брдо

Денес беше завршено асфалтирањето на платото и паркинг површината пред фудбалскиот терен во населбата Бело Брдо, со што се подобрува пристапот и условите за...

Во недела ќе се одржи првиот таеквондо турнир „Штип опен 2025“

Во недела Таекводно клубот Штип и Македонска таеквондо федерација го организираат првиот таеквондо турнир „Штип опен 2025“. Турнирот ќе се одржи во спортска сала „Јордан...

Лани во Македонија се случиле над 2 илјади разводи!

Во 2024 година бројот на склучените бракови е намален за 12.7 % во споредба со 2023 година. Просечната возраст при склучувањето прв брак е...

Рачниот менувач заминува во историјата?

Рачниот менувач наскоро може да биде минато, бидејќи најновите бројки покажуваат дека многу малку нови автомобили се достапни со овој тип на менувач. Статистиката е...
spot_img