12.2 C
Shtip
spot_img

Тројца повредени во пожарот во Кочани се враќаат дома од болниците во Бугарија

Тројца повредени во пожарот во Кочани кои беа хоспитализирани на Универзитетската болница за интензивна нега „Св. Ѓорѓи“ во Пловдив, денеска се пуштени на домашно лекување, соопшти прес-центарот на болницата, пренесува БТА.

Пациентите – тројца мажи на возраст од 19, 21 и 48 години – беа примени во болницата на 17 март на Клиниката за пластична, реконструктивна и естетска хирургија, каде што беа сместени на интензивна нега поради сериозноста на изгорениците. За време на престојот во болницата, нивната состојба постепено се подобруваше, а медицинските специјалисти им ја обезбедуваа сета потребна нега и третман, се вели во соопштението.

Во моментов, сите пациенти се во стабилна општа состојба и ја напуштаат медицинската установа со пропишани препораки за следење и рехабилитација.

Тројцата пациенти и нивните роднини изразија благодарност до тимот на болницата во Варна.

Во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани што се случи на 16 март, животот го загубија 62 лица, а близу 200 беа поврдени. Некои од повредените беа пренесени на лекување во други земји. Во Бугарија беа хоспитализирани 15 повредени – од нив осум во болницата „Пирогов“ во Софија, а другите во болниците во Пловдив и Варна.

━ повеќе содржини

Раскопано и забавено до Бугарија – Зошто една година доцни реконструкцијата на ГП „Станке Лисичково“?

Забавено е преминувањето на границата меѓу Македонија и Бугарија на граничниот премин „Станке Лисичково“, односно кај Делчево од македoнска страна. Пиродите кон преминот е...

Црвен крст ќе ги едуцира студентите на УГД за прва помош

Црвен Крст Штип во соработка со Универзитет „Гоце Делчев“ Штип, Универзитетското студентско собрание и медицинската студентска организација СОМА , ќе спроведат едукација за давање...

Штип добива нова културна искра: „Очи на Шопов“ стартува на 9 мај!

Штип оваа пролет ќе биде домаќин на една сосема нова, но веќе ветувачка културна манифестација – „Очи на Шопов“, што ќе се одржи од 9 до...

Instagram има нова функција: Дали ќе ја користите?

Ако сакате да испраќате Reels клипови до вашите пријатели на Instagram, можеби ќе ви се допадне новата функција што ја воведува оваа апликација. Оваа нова...

Веднаш исклучете го телефонот ако ги забележите овие три знаци

Паметните телефони се честа цел на сајбер напади и важно е корисниците да знаат како да се заштитат и да се справат со овие...
spot_img