6.4 C
Shtip
spot_img

СО ЧАНТА ПАРИ ПО ЛЕБ: Аргентинците се потешко се справуваат со огромната инфлација од 287%

Цените во Аргентина пораснаа толку драматично во последните месеци што владата на претседателот Хавиер Милеи беше принудена петкратно да го зголеми износот на најголемата аргентинска банкнота, и таа сега изнесува 10.000 пезоси, што е приближно десет американски долари.

Централната банка во вчерашното соопштение вети дека ќе им го олесни товарот на многу Аргентинци, буквално, кои мораат да носат огромни торби, понекогаш дури и куфери, со голема сума готовина за мали трансакции.

Годишната стапка на инфлација во Аргентина во март достигна 287 отсто и е меѓу највисоките во светот.

Новата банкнота треба да излезе следниот месец „за да се олеснат трансакциите меѓу корисниците“, соопшти централната банка.

Во моментов 10.000 пезоси, на колку што ќе гласи банкнотата, официјално вредат 11 американски долари, а на црниот пазар 9 долари.

Во цела Аргентина, готовината, особено банкнотата од 1.000 пезоси, останува најпопуларниот начин на плаќање.

Кога се појави во оптек во 2017 година, банкнотата од 1.000 пезоси имаше вредност од 58 американски долари на црниот пазар. Сега вреди еден долар.

Со оглед на најтешката финансиска криза во Аргентина во последните две децении и нестабилноста што ја предизвика, продавачите ја фаворизираат „готовината“ пред безготовинското плаќање и нудат големи попусти за оние кои плаќаат во готово.

Милеи дојде на власт како политички аутсајдер минатиот декември, ветувајќи дека ќе ја намали инфлацијата и ќе го стабилизира пезосот со промена на политиките на претходните левичарски влади, кои печатеа пари за да ја финансираат јавната потрошувачка.

Но, острите мерки за штедење на владата на Милеи ги ставија цените на американско и европско ниво, што тешко ги погоди обичните Аргентинци, а закажан е и голем национален штрајк.

Милеи, и покрај високата инфлација, вели дека неговиот план функционира.

Аргентина исто така најавува банкнота од 20.000 пезоси, но подоцна годинава. 

━ повеќе содржини

Одбојкарско дерби денес во Штип!

Денес, понеделник, со почеток од 18:00 часот во салата Јордан Мијалков во Штип ќе се одигра одбојкарското дерби во првата македонска одбојкарска лига помеѓу...

“Музичка Фабрика” – Нов национален проект за детска музика кој отвора врати за млади таленти

Музичка Фабрика е првиот национален културно-образовен музички проект за деца, чија мисија е да ја поддржи, развие и афирмира детската музичка креативност. Проектот создава...

Сите добитници на наградите Греми!

Раперот освои пет награди, вклучувајќи ја и онаа за плоча на годината за „Luther“, дует со SZA, како и за најдобар рап албум за...

LED семафорите носат поголеми почетни трошоци, но значителни долгорочни заштеди

Сè повеќе градови ширум Европа и светот се одлучуваат за воведување на LED семафори, кои иако имаат повисока почетна цена, носат големи заштеди на...

„Не знаев дека универзумот ме подготвува за најважната премиера во нашиот живот, те чекаме малечка“, штипската снаа, пејачката Александра Јанева објави дека е бремена

Македонската пејачка Александра Јанева преку социјалните мрежи објави дека е бремена и дека очекува девојче. „Создавајќи албум кој го слави женскиот дух, сила и љубов,...
spot_img