21.2 C
Shtip
spot_img

Рекордни вредности на златото и швајцарскиот франк

Цената на златото достигна нов рекорд во услови кога расте загриженоста за трговската војна меѓу САД и Кина.

Една унца злато сега вреди повеќе од 3.200 долари (2.454 фунти), што е првпат да ја надмине таа граница, бидејќи инвеститорите се свртуваат кон таканаречените „безбедни засолништа“.

Швајцарскиот франк, уште едно безбедно засолниште, достигна највисоко ниво во последните десет години во однос на американскиот долар, додека распродажбата на државните обврзници на САД, која почна претходно оваа недела, продолжи.

– Масовното бегство во безбедни засолништа … сето ова го одразува целосниот недостиг на јасност на финансиските пазари денес, изјави за Би-Би-Си Оливие д’Асие од инвестициската компанија SimCorp.

– Сега живееме во свет без правила – кога станува збор за трговија, безбедноста, здравјето, па дури и суверенитетот, додаде тој.

Безбедно засолниште е инвестиција која се очекува да ја задржи или дури и да ја зголеми вредноста во периоди на економска несигурност.

━ повеќе содржини

Што е тивок мозочен удар и КАКО ДА ГО ПРЕПОЗНАЕТЕ?

Незабележливиот мозочен удар всушност се нарекува минлив исхемичен напад (TIA), а е познат и како „мини-мозочен удар“ или „минлив напад“. Тоа е привремена состојба...

Парамаунт продаден за осум милијарди долари

Американските регулатори ја одобрија продажбата на холивудското студио Парамаунт на продукциската компанија на милијардерот Дејвид Елисон, Скајденс, за осум милијарди долари, приближно една година...

Пензиите линеарно се зголемуваат за 2.000 денари

Собранието на Р. Македонија во рамки на 63. седница со 79 гласа „за“ и ниту еден „против“ и „воздржани“ ги усвои измените на Законот...

Кој е Мурат Шамил Шен, новиот сопственик на ФК Брегалница?

Од неодамна, фудбалскиот клуб Брегалница од Штип има нов сопственик, тоа е турскиот стопанственик Мурат Шамил Шен. За него се знае дека има искуство...

Дневен хороскоп за петок (25/07)

ОВЕН Ќе се почувствувате благодарни што ќе успеете да му помогнете некому во некој голем проблем. Оваа личност може да биде ваш шеф, родител или...
spot_img