8.9 C
Shtip
spot_img

Регистрирани над 3.000 нови случаи – сè уште сме во период на широка распространетост на грипот

Сè уште се наоѓаме во период на широка распространетост на грипот и заболувања слични на грип, иако во изминатите две недели се забележа благо намалување. Според последниот неделен извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), регистрирани се 3.035 нови случаи, што претставува зголемување од 11,3 проценти во споредба со претходната недела.

„Во однос на сезоната, забележуваме зголемување на вкупниот број на заболени од грип во споредба со претходната сезона и со просекот. Ова се должи, најпрвин, на некои мутации на вирусот, но секоја сезона има свои специфичности. Клучно е да се продолжи со почитување на основните мерки за превенција на респираторни заболувања, како што е грипот“, изјави д-р Драган Кочински, раководител на Одделот за епидемиологија во ИЈЗ.

Најголем број на случаи се регистрирани во Скопје – 620, Куманово – 374, Битола – 306 и Тетово – 176.

„Во текот на минатата недела, најголем број на заболени се регистрирани кај популацијата од 15 до 64 години, но најпогодени се децата од 0 до 4 години и од 5 до 14 години, како што е случајот низ целата сезона. За време на последната недела, регистриран е и еден смртен случај асоциран со грип. Станува збор за 78-годишно лице од Скопје, кое било хоспитализирано на Универзитетската клиника за пулмологија, со присутни коморбидитети и без вакцинација против сезонски грип“, додава д-р Кочински.

Во моментов, на Инфективната клиника се хоспитализирани пет пациенти со потврдена инфлуенца. Сите се возрасни лица над 65 години, со коморбидитети, и сите се невакцинирани против сезонски грип.

„Граѓаните треба да ги почитуваат препораките на здравствените работници, да избегнуваат контакти со заболени лица и подолг престој во простории со голем број на луѓе. Ако забележат симптоми кои асоцираат на грип, треба да останат дома и да не го изложуваат ризикот другите“, додава Кочински.

━ повеќе содржини

ЕВЕ КОГА ЌЕ СПИЕMЕ НАЈДОЛГО: ДОАЃА НАЈДОЛГАТА НОЌ ВО ГОДИНАТА!

Зимата официјално започнува во недела, на 21 декември 2025 година, во 16 часот и 3 минути. Со овој момент започнува астрономската зима на северната...

Штипскиот мотоциклист Петар Мијалков награден во Молдавија

Штипскиот мотоциклист Петар Мијалков, продолжува да добива признанија надвор од границите на меѓународна сцена. За неговиот исклучителен успех и освојувањето на титулата во БМУ...

Евро монетите се менуваат од 1 јануари 2026 година – ќе биде вклучено кирилично писмо

Бугарија ќе го усвои еврото на 1 јануари 2026 година, станувајќи 21-ва земја на ЕУ што ќе се приклучи на единствената валута. Како и...

Илон Маск е првиот човек чие нето-богатство надмина 600 милијарди долари

Маск повторно руши рекорди, но не во технологијата. Имено, тој стана првата личност што надмина 600 милијарди долари нето вредност, според пресметките на списанието...

Осуденик пронајден починат во затворот во Штип

Четириесетгодишен осуденик од Скопје, кој издржувал затворска казна во Казнено-поправната установа Затвор Штип, е пронајден починат во својата соба, информираат од Секторот за внатрешни...
spot_img