10.8 C
Shtip
spot_img

Проф. Д-р Дејан Мираковски е старо-нов ректор на УГД во Штип

 Дејан Мираковски доби уште еден мандат, како ректор на Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД)-Штип. Претседателот на Комисијата за избор на ректор на УГД, проф.д-р Дејан Маролов денеска соопшти дека гласањето заврши на сите 15 единици на Универзитетот, од кои на 12 факултети и три академии.

-Гласањето се спроведе од 12 до 14 часот. Во врска со пријавениот кандидат професор доктор Дејан Мираковски констатираме дека има 294 гласа за, против гласале 11, не гласале 12 и има пет неважечки ливчиња. Така да можеме да констатираме дека кандидатот професор доктор Дејан Мираковски е повторно избран за ректор на Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип, рече Маролов.

Реизбраниот ректор на УГД-Штип, Мираковски се заблагодари на професорите и студентите, кои му ја дадоа поддршката и какошто рече во наредните три години ќе ги остварат сите зацртани цели. Тој посочи дека во изминатите три години, како ректор има дадено нова динамика на УГД, кој стана и поотворена институција, поврзана со институциите и на локално и на државно ниво, а исто така и стана членка во новата Алијанса на девет европски Универзитети. Посочи дека има и подобрување на условите за научна истражувачка работа и за професорите и за студентите.

-Со новата европска Алијанса се отвараат нови перспективи за нашиот Универзитет, односно главна, крајна цел е да обезбедиме европско квалитетно студирање и тоа дома. Верувам дека европско студирање и европска диплома дома е тоа што ќе го направи нашиот Универзитет привлечен не само за студентите од нашата земја, верувам и на регионално ниво, изјави Мираковски.

Тој забележа дека Алијансата на деветте европски Универзитети дава многу можности за студентите и за професорите, а крајната цел е во тој процес, студентите да добијат европска диплома. Инаку, Алијансата на деветте Универзитети е финансиски поддржана од фондовите на ЕУ. 

━ повеќе содржини

Извидници со донаторска акција го обновуваат извидничкиот дом во Штип

Извидници на одредот „Еквинокс“ започнаа донаторска акција со цел да го реновираат извидничкиот дом во Дом на млади, Штип, за кој, како што велат, со години...

Меси не е сигурен дали ќе игра на Светското првенство

Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси изјави дека можеби ќе го пропушти Светското првенство следното лето, односно дека можеби ќе го гледа турнирот од трибините, наместо...

29 фудбалери приведени во Турција за местење натпревари

Турските власти, во петокот наредија апсење на 46 лица, вклучувајќи 29 фудбалери, како дел од широка истрага за местење натпревари, објави обвинителството во Истанбул. Меѓу...

Binance доаѓа во Македонија: На 11 декември голем Community Meetup настан за крипто-ентузијастите

Binance, водечката светска берза за размена на криптовалути, организира Community Meetup настан, кој ќе се одржи на 11 декември 2025 година во 17 часот...

Од 1 јануари помали трошоци за пренос и дистрибуција на струја

Од 1 јануари 2026 година надоместокот за користење на електродистрибутивниот систем Електродистрибуција ДООЕЛ се намалува за 3,64% , надоместокот за користење на преносниот систем...
spot_img