15.5 C
Shtip
spot_img

ПРВ СЛУЧАЈ НА МАЈМУНСКИ СИПАНИЦИ ВО АЛБАНИЈА

Мајмунските сипаници се шират преку директен контакт со заразени лица, како што е контакт кожа на кожа или интимен однос. Но, едно лице може да се зарази и преку контакт со контаминирани предмети како што се чаршафи, крпи или облека.

Во Албанија е потврден првиот случај на мајмунски сипаници, заразно заболување кое е дијагностицирано кај млад човек на возраст од триесеттина години, објави Топ чанел.

Според медиумот, пациентот бил изолиран веднаш по потврдувањето на дијагнозата.

Здравствените власти се мобилизирани за да ги пронајдат неговите контакти и да го спречат понатамошното ширење на болеста.

-Mладиот човек патувал во странство, барем така им кажал на лекарите кои го поврзуваат како причина за инфекцијата, бидејќи досега во Албанија не се идентификувани случаи на мајмунски сипаници или барем не се пријавени случаи од Институтот за јавно здравје – наведува телевизијата.

Симптомите на оваа болест се треска, болки во телото, отечени лимфни јазли, црвенило и осип што се претвораат во плускавци со кора. Тие обично се појавуваат на рацете, лицето и гениталиите.

Мајмунските сипаници се шират преку директен контакт со заразени лица, како што е контакт кожа на кожа или интимен однос. Но, едно лице може да се зарази и преку контакт со контаминирани предмети како што се чаршафи, крпи или облека.

━ повеќе содржини

Ѓорѓе Давид за Цеца и ситуацијата во Велес: „Македонската јавност престрого и однапред ја осуди“

– Слушнато и видено, многу ми е жал, само ќе кажам дека Цеца, заедно со мене, ако тргнеме само од ова натпреварување во кое...

Мемфис го суспендираше Џа Морант!

Екипата на Мемфис го суспендираше својот најдобар играч, Џа Морант, на еден натпревар, поради несоодветни коментари по поразот од Лос Анџелес лејкерс со 112:117....

Поскапуваат бензините и дизелот

Бензините и дизелот од ноќеска на полноќ ќе поскапат за половина и за еден денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги...

Ситуацијата во Србија ескалира: Уапсен поранешен кошаркарски репрезентативец

Веќе со месеци ситуацијата во Србија, каде што студентите низ целата земја одржуваат протести против актуелната Влада, не се смирува. Овој пат јавноста беше...

За еден месец 138 санкции за непрописно вградени фолии на автомобили

Во периодот од 01 до 31 октомври, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе сообраќајни контроли на територијата на Република Северна...
spot_img
претходниот член,
Следната статија