Еден од најголемите музички фестивали на светот, новосадски Егзит, влегува во нова фаза на својата историја и се претвора во глобална турнеја, со која следната година ќе биде опфатена и земјава. На фестивалскиот сајт стои напишано „Македонија“, без претставката „Северна“.
Откако организаторот, по 25 години одржување на Петроварадинската тврдина над Нови Сад, најави дека следната година фестивалот нема да се одржи таму поради политичкиот притисок од власта во Србија, презентирани се локациите за Глобалната турнеја
Првата дестинација е Умаг, Хрватска, по што официјално Егзит 2026 во јуни ќе биде отворен во Македонија, а за август одредиштето е Малта.
Во октомври тимот на Егзит оди во Египет, и најавува спектакл пред Големите пирамиди во Гиза.
Во ноември, светската турнеја Егзит 2026 ќе биде во Белград и во Мумбаи.







