Додека тековната сезона во Формула 1 е во тек, тимовите веќе се подготвуваат за следната, која ќе донесе мноштво промени во правилата и техничките прописи. Една од најважните се однесува на горивото.
Секој тим ќе има партнер кој ќе обезбеди нови, 100% одржливи горива, но цената на ова гориво значително ќе се зголеми.
Во моментов, тимовите од Формула 1 плаќаат околу 25 евра за литар гориво Е10, што значи дека полн резервоар со гориво чини околу 2.750 евра.
Сепак, за 2026 година правилата предвидуваат дека новите горива нема да доаѓаат од фосилни извори, туку ќе се произведуваат со комбинирање на водород и јаглерод диоксид од воздухот, а цената значително ќе се зголеми.
Се проценува дека еден литар бензин за болид во 2026 година ќе чини околу 250 евра, односно 27.500 евра по трка.
За потсетување, германскиот Ауди и американскиот Кадилак исто така ќе се натпреваруваат следната сезона на Формула 1 циркузот.