Денеска, за штипските одбојкари ќе заврши првиот дел од првенството. Од 19:00 часот во СЦ “Јордан Мијалков”, одбојкарскиот клуб Штип УГД ја пречекува екипата на Шкендија во меч во кој се апсолутни фаворити за победата.
После овој меч следува разврската во купот, кој ќе се игра во Радовиш следниот викенд (03-05.април). После тоа, следува разигрувањето за титулата помеѓу најдобрите 4 екипи во лигата.
Амбициите на штипскиот клуб се одбрана на титулата во купот и атак на првенствената круна.
Од клубот, повикуваат денес во 19:00 часот, публиката да ја наполни салата до последно место, бидејки денешниот меч ќе има и хуманитарен карактер. Имено, на вратата на влезот ќе биде поставена кутија за донации за настраданите во трагедијата во Кочани на 16/03/2025.