27.8 C
Shtip
spot_img

ОД ДЕНЕСКА ЕЛЕКТРОНСКО ПРИЈАВУВАЊЕ: Почнува уписот во средните училишта

Од денеска до 17 јуни на полноќ е првото електронско пријавување во јунскиот рок за запишување ученици во прва година во јавните средни училишта во државава за учебната 2025/2026 година.

Пријавувањето на учениците е со електронско аплицирање, преку линк до системот за електронски услуги на Министерството за образование и наука https://e-uslugi.mon.gov.mk/ со посебна најава за средношколци преку сопствените кориснички сметки на schools.mk

Откако ќе заврши електронското пријавување, ученците на 18 јуни (од 8 до 19 часот) и на 19 јуни (од 8 до 17 часот) треба да ја достават потребната документација до училиштата.

Конечната ранг-листа со резултатите од запишувањето и слободните места, секое училиште ќе ја објави на 20 јуни 2025, најдоцна до 12 часот, на јавно место во училиштето и/или на училишната интернет-страница.

Во училиштата каде што ќе има квалификациско тестирање ќе се организира на 23 јуни 2025, кога ќе бидат објавени и резултатите.

Второто електронско пријавување на учениците за упис во средните училишта во јунскиот рок ќе биде на 30 јуни 2025, од 00:00 часот до 23:59 часот, а потребната документација до училиштата ќе се доставува на 1 јули 2025, од 10 до 19 часот.

Следниот ден (2 јули) ќе биде објавена и конечната ранг-листа со резултатите од запишувањето и слободните места. Во второто пријавување во јуни квалификациско тестирање ќе се организира на 4 јули 2025.

Пријавувањето во августовскиот уписен рок ќе се врши на 21 август 2025 година од 00.00 часот до 15.00 часот електронски, кога ќе биде и доставувањето на документација до училиштата, а наредниот ден (22 август 2025) училиштата ќе објават конечна ранг-листа со резултатите од запишувањето.

Во Конкурсот на Министерството за образование и наука се наведени документите потребни за запишување во јавните средни училишта, како и насоки за негово спроведување.

Во Штип се слободни вкупно 787 места.

━ повеќе содржини

Со засилено темпо деновиве се работи на изградба на “Џексон”

СРЦ "Џексон" ќе биде вистински спортски храм на Штип. - Со изградбата на спортскиот центар „Џексон“, Штип конечно ќе добие современа затворена сала наменета за...

In Memoriam – Утрово почина Јованче Пилешков

Утрово, ненадејно, на 61-годишна возраст почина познатиот штипски спортски работник Јованчо Пилешков. Пилешков во минатото беше фудбалски судија, делегат, а ја извршуваше и функцијата...

Џенаро Гатузо ќе биде нов селектор на Италија

Џенаро Гатузо наскоро ќе биде именуван за селектор на италијанската репрезентација, објавува најпознатиот инсајдер, Фабрицио Романо. Тој тврди дека до неодамна тренерот на Хајдук...

Денес роденден слави една од најголемите балкански ѕвезди Светлана Ражњатовиќ

Балканската ѕвезда, Светлана Цеца Ражнатовиќ, денес го слави својот 52-от роденден во кругот на своите најблиски пријатели, во луксузна вила на Дедиње. Иако многумина не...

Марија Минчева од штипскиот театар е најдобра актерка на МТФ „Војдан Чернодрински”

Престижната награда за главна женска улога на годинашното издание на МТФ „Водан Чернодрински“ едногласно беше доделена на Марија Минчева Андонов за улогата на Мајката...
spot_img