18.2 C
Shtip
spot_img

Не е баш “мед и млеко” во Дубаи, ова е вистинската слика за животот таму

Британката Елби Хеншо од Барнет, северен Лондон, откри дека животот во „гламурозниот“ Дубаи не е толку лесен како што изгледа на социјалните мрежи.

Од сон за луксуз – до шест дена работа неделно

Хеншо, 23-годишна персонална тренерка, се преселила во Дубаи во јануари, откако за време на одмор се вљубила во Арапскиот Полуостров. Со финансиска помош од родителите го започнала новиот живот и брзо нашла работа во теретана со „клиенти од високото општество“.

Но, трошоците ја дочекале со вистински шок. Вели дека и обичен јогурт чини 12 фунти, а животот бара најмалку 5.000 фунти месечно за комотен стандард. За да може да си дозволи живот во градот, таа денес работи шест дена неделно, а често и дополнителни смени.

– Во Британија бев депресивна и безволна. Овде сите се посреќни, поактивни и постојано сакаат да бидат подобра верзија од себе – објаснува Елби.

Трошоци и реалност

Хеншо во Дубаи дели стан со уште две девојки. Освен високите кирии и депозитите за станови и автомобили, вели дека и секојдневните трошоци се многу скапи:

  • капучино – 34 дирхами (7,9 евра)
  • мелено месо – 25 дирхами (5,7 евра)
  • јагоди – 30 – 40 дирхами (6,9 – 9,2 евра)
  • јогурт Fage, 1 литар – 60 дирхами (13,8 евра)
  • најевтино парче облека во Zara – 130 – 150 дирхами (30 – 35 евра)
  • чаша вино во клуб – најмалку 99 дирхами (23 евра).

– Работам постојано за да можам да уживам во градот. Има многу групи и апликации за викенд-работи, па секогаш може да се најде дополнителен извор на приход – додава таа.

Живот помеѓу луксуз и осаменост

Преселувањето не било лесно – првите месеци ги минала во средување на документи, отворање сметки и прилагодување на новиот ритам. Вели дека во Дубаи недостига „чувство на заедница“ и дека запознавањето партнери е многу потешко без апликации.

– Тешко е да запознаеш некого спонтано, сите се презафатени 24/7. Луѓето обично доаѓаат со семејства или партнери, а оние што се слободни ретко бараат нешто сериозно – истакнува таа.

Иако и недостигаат пабовите и заедничкиот дух од Британија, Елби признава дека се заљубила во градот и не планира наскоро да се врати.

– Сакам животот овде, но ако на 27 години сè уште не сум во сериозна врска, ќе се вратам во Британија – вели таа.

━ повеќе содржини

Фудбалски спектакл во Штип на 12.Септември. По повод 100 години ФК Брегалница, ни гостува Црвена Ѕвезда

Како што известија од клубскиот сајт, на 12.09.2025 во ноќен термин ќе се одигра ревијален фудбалски натпревар помеѓу ветераните на ФК Брегалница и ФК...

Градоначалникот Јорданов свечено им ги додели стипендиите на спортистите од општина Штип!

Денес официјално им беа доделени стипендиите на спортистите од општина Штип од страна на градоначалникот Иван Јорданов. Покрај успесите во спортот, услов беше спортистите да...

Штипјанецот Љупче Михајлов втор на Универзитетскиот карате комбат

На Универзитетскиот карате комбат одржан во Полска, штипскиот каратист Љупче Михајлов го освои сребрениот медал, што е одличен индивидуален успех и спортски успех за...

ЕВГЕНИЈ ПОП АЦЕВ Е ПЕТТИОТ МАКЕДОНЕЦ ШТО ГО ПРЕПЛИВА “ЛА МАНШ”

Голем подвиг на тројниот светски шампион во маратонско пливање, ЕВГЕНИЈ ПОП АЦЕВ успеа да стане петтиот Македонец кој го препливал каналот Ла Манш. Македонсскиот пливач...

Омерагиќ ги покани најмалите фудбалери од сите градови бесплатно да ја гледаат репрезентацијата на Македонија

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, најави дека за претстојниот натпревар на националниот тим против Лихтенштајн ќе биде овозможен бесплатен влез на...
spot_img