Дека Штип е град со многубројни настани од сферата на музиката, спортот, културата се докажа многу пати досега. По пандан на многу европски метрополи, за прв пат во нашиот град ќе се случи еден отмен ројал настан каде елеганцијата ќе доминира, а многуте вински ноти и вкусови ќе овозможат одблиску да се запознаеме со винската култура во Македонија.
Годинава, на преминот од зима во пролет, односно на 21.март во Штип за прв пат ќе се случи фестивал посветен на виното под назив “Приказна во чаша”.
Имено, винскиот салон-фест ќе се одржи на затворено, во 7even Wedding & Events, a на фестивалот посетителите ќе можат да дегустираат вина од повеќе од 20 винарии од Македонија и регионот. На самиот настан, гостите ќе можат да вкусат и различни деликатеси кои заедно со виното ќе создадат одлична симфонија на вкусови.

Организаторите ги најавуваат деталите наскоро…







