Викендот што измина, на терените на Тен Академија Аеродром во Скопје се одржа отвореното првенство во тенис, каде учество зеде и штипскиот клуб Астибо со двајца тенисери односно Стефан Гичев и Давид Стојановски. Давид Стојановски стигна до полуфинале, додека пак Стефан Гичев стигна до финале, каде за малку не успеа да триумфира младиот штипски тенисер.
Ова е потврда за одличната работа и големи резултати на младите тенисери под водство на тренерите Срган Савевски и Дијана Петрова.