25.9 C
Shtip
spot_img

Мицкоски: Историска победа на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и ДУИ одат во опозиција

Синоќа на само неколку часа по затворање на гласачките кутии, централното седиште на партијата почна да се полни. Покрај бројните домашни и регионални медиуми, дојдоа и раководството и најгласните членови и симпатизери кои во прес салата со песна го дочекаа партискиот претседател Мицкоски.

Македонија не и припаѓа на ниту една партија, криминалот е поразен, сега следува работа без еуфорија и ароганција– изјави Мицкоски, кој е уверен дека во најбрз можен рок ќе биде формирана новата влада. Кажа дека раговарал со лидерите од албанската опозиција, а како иден мандатар остави подотворена врата и за другите партии.

-Овој народ денеска ги порази сите милевци, артановци, алиевци, кои го погазуваа сите овие години и си ја вратија повторно Македонија. Народот покажа дека ничија свеќа не гори до зори и порано или подоцна следува одговорност. Ние имаме намера со сите опозициски партии кои настапија на изборите да разговараме и да видиме што е тоа што би можело да е точка на поврзување.. Тоа не значи дека сите тие би биле дел од идната Влада на коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ,- Христијан Мицкоски – претседател на ВМРО-ДПМНЕ .

Покрај нова влада, Македонија ќе добие и прва жена претседателка. Гордана Силјановска Давкова со над 560 илјади гласови на нејзиното конто, го сруши рекордот на досега одржаните претседателски избори. На прес конференцијата рече дека е среќна што граѓаните не потклекнале на бојкотот и вети дека во иднина нејзината врата ќе биде отворена за сите.

-Мојата најголема честитка е до граѓаните, искрено си се прашувам со што ја заслужив оваа чест? Јас знам дека се подготвував, се посветив на кампањата и го зборував тоа што го мислам, но наградата е непроценлива за мене. Граѓаните покажаа граѓански имунитет, отпорност на притисоците. Да повикувате на бојкот е партиски политички притисок,- Гордана Силјановска Давкова .

Ден по изборите, од ВМРО-ДПМНЕ велат дека резултатите ја покажале волјата на народот. Да се испратат во опозиција СДСМ и ДУИ, да има одговорност и да се реформираат, изјави потпретседателот на партијата Муцунски.

-ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата доби трипати повеќе мандати од СДСМ, или ако сакате повеќе од ДУИ и СДСМ заедно на овие избори, со што народот јасно покажа дека овие две партии треба да завршат во опозиција,- Тимчо Муцунски – потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Партискиот врв веќе одржал и состанок на кој ги поставиле контурите за градење на идната коалиција. Отаму соопштија дека во фокусот ќе бидат луѓето, економски силна држава преку реформи за повисок животен стандард, фронт против криминалот и корупцијата, реализација на стратешкиот интерес за евроинтеграции преку дијалог и принципи..

━ повеќе содржини

Паника во авион на Wizz Air: Патничка снимила испукан прозорец залепен со трака

Паника во авион на Wizz Air: Патничка снимила испукан прозорец залепен со селотејп, компанијата објаснува дека немало опасност За Ана Савин, патничка на лет на...

Шест тешки месеци од трагедијата во Кочани, раните не зараснуваат

Денес (среда, 16.09) навршуваат точно 6 месеци од трагичната ноќ во дискотеката Пулс во Кочани. Раните не зараснуваат, болат и болат се посилно. Во Штип...

Вечерва започнува новата сезона во Лигата на шампионите

Новата сезона на фудбалската Лига на шампиони започнува вечерва, по втор пат во новиот формат што беше воведен минатата година, а титулата ја брани...

Пензионери освоија 12 милиони евра, а со денови не знаеле: Тикетот им стоел на фрижидер

Сонот што стоел на фрижидер: Постара двојка од Мелбурн со денови не знаела дека освоила 12 милиони евра на лотарија Во приказна што го докажува...

Слеп човек повторно прогледа по 20 години благодарение на уникатна операција „заб во око“

Повеќе од две децении, 34-годишниот Брент Чепмен од Канада живееше во темнина. Сега повторно може да гледа благодарение на исклучително ретка хируршка процедура наречена...
spot_img