8.6 C
Shtip
spot_img

„Ми иде да плачам ко дете“, навивачите во еден глас за Кочани: Потези за поздрав и солзи на мечот Вардар – Црвена Ѕвезда во Скопје

Солзи и болка, но и полно срце заради солидарноста и хуманоста… Точно еден месец по трагичната несреќа во Кочани, Вардар и Црвена Ѕвезда одиграа хуманитарен фудбалски меч – стадионот во Скопје одекнуваше „Кочани“, на трибините имаше пораки за благодарност на сите јазици на земјите кои ни помогнаа, фудбалерите од двата клуба беа во црни маици со натпис „Кочани“, а стиховите од „Тешкото“ ги исполнија трибините.

mi-ide-da-placham-ko-dete-publikata-vo-eden-glas-za-kochani-potezi-za-pozdrav-i-solzi-na-mechot-vardar-crvena-dzvezda-vo-skopje-01.jpg

На 16 април 2025, еден месец по трагичната несреќа во дискотеката во Кочани, каде животот го загубија 61 лице, се одржа хуманитарен фудбалски меч на Националната Арена „Тодор Проески“.

Фудбалерите на Црвена Ѕвезда и Вардар играа од срце на стадионот во Скопје, а сите средства од продажбата на картите ќе бидат донирани на семејствата на настраданите.

Играчите од двата тима кои важат за вечни ривали, на теренот излегоа во црни маици со натпис „Кочани“, а од трибините од 25.000 грла на цел глас одекнуваше „Кочани“, иако на моменти тишината грмеше погласно од сите навивачи заедно. 

Комитите држеа транспаренти со натпис „Ви благодариме“ на повеќе различни јазици, со кои упатија благодарност до сите земји кои со широко срце веднаш помогнаа и примија на лекување повеќе пациенти кои беа повредени во пожарот.

Низ цела трибина имаше и огромно платно на кое беа испишани стиховите на Блаже Конески од „Тешкото“: „…И зошто ми иде да плачам ко дете, да превијам раце, да прекријам лик“.

mi-ide-da-placham-ko-dete-navivachite-vo-eden-glas-za-kochani-potezi-za-pozdrav-i-solzi-na-mechot-vardar-crvena-dzvezda-vo-skopje-02.jpg

На мечот, Црвена Ѕвезда победи со резултат 3:1, но ова не беше само фудбал, туку многу повеќе емоција, пријателство, солидарност и хуманост, што полни душа и засекогаш ќе остане врежан како спомен за почитта која се оддаде кон жртвите. 

Единствениот гол за Вардар, го даде штипјанецот Михаил Маневски, а го посвети на Андреј Лазаров, фудбалерот на Шкупи, кој прерано го загуби својот живот во обид да спаси други во пожарот.

━ повеќе содржини

Такси беззаконието во Штип заминува во историја – Строги правила од 1.Февруари

Такси превозот во Штип влегува во нова фаза по три децении нерегулирано работење и беззаконие во овој бизнис. По долг период на хаос, конечно...

Одбојкарско дерби денес во Штип!

Денес, понеделник, со почеток од 18:00 часот во салата Јордан Мијалков во Штип ќе се одигра одбојкарското дерби во првата македонска одбојкарска лига помеѓу...

“Музичка Фабрика” – Нов национален проект за детска музика кој отвора врати за млади таленти

Музичка Фабрика е првиот национален културно-образовен музички проект за деца, чија мисија е да ја поддржи, развие и афирмира детската музичка креативност. Проектот создава...

Сите добитници на наградите Греми!

Раперот освои пет награди, вклучувајќи ја и онаа за плоча на годината за „Luther“, дует со SZA, како и за најдобар рап албум за...

LED семафорите носат поголеми почетни трошоци, но значителни долгорочни заштеди

Сè повеќе градови ширум Европа и светот се одлучуваат за воведување на LED семафори, кои иако имаат повисока почетна цена, носат големи заштеди на...
spot_img