29.1 C
Shtip
spot_img

Машката мода за пролет-лето 2026: носталгија и софистицирана лежерност

Сезоната пролет-лето 2026 носи универзитетскиот стил, со модерен пристап и свежина што ќе ја одбележи машката мода.
Имено, универзитетскиот (Varsity) стил се враќа на голема врата – машката мода го спојува најдоброто од класичниот универзитетски изглед и елегантниот preppy стил. Од “letterman” јакни до плетени поло маици и chino панталони – дизајнерите создаваат силуети што се истовремено удобни, модерни и културно вкоренети.
Најголемата новина во понудата за машка мода оваа сезона доаѓа токму од облеката за слободно време – парчиња за викенд прошетки, патувања и неформални излегувања. Тие се со доволно стил за да се носат и надвор од дома – паметни комбинации на класични кошули со плетени елеци, капи со логоа, спортски јакни и панталони што се вклопуваат во секоја пригода.

Пролетта и летото ќе бидат обележани со тенки плетени маици и кошули кои можат да се носат и во канцеларија и во слободно време, додека панталоните од памук со благо проширени или во класичен крој. Кога се во прашање обувките, во тренд ќе бидат мокасини и спортски бели патики – едноставни, но софистицирани и лесни за комбинирање.
Наместо традиционалната сива и сина палета, оваа сезона се носат потемни нијанси на црвено, зелено и кафено, како и нежни земјени тонови. Материјалите се внимателно избрани – органски памук, волна од одржливо потекло и природни мешавини што обезбедуваат и стил и одговорност кон животната средина.
Во време кога мажите сè повеќе се враќаат кон класични вредности, но не сакаат да ја жртвуваат удобноста, креаторите нудат решенија што ги спојуваат традицијата и современата динамика.

Сето прикажано деновиве претставува своевиден вовед за претстојната машка Париска модна недела, што ќе се одржува од 24 до 29 овој месец. Париз ќе биде домаќин на 70 брендови, а од нив 40 своите нови колекции ќе ги претстават на модни ревии. Настанот ќе започне со шоуто на Institut Français de la Mode и ќе заврши со презентација на Simon Porte Jacquemus. Меѓу истакнатите учесници се Pharrell Williams со Louis Vuitton, Anthony Vaccarello со Saint Laurent, како и Jonathan Anderson со неговото дебитантско шоу за Dior Men./М.М.

━ повеќе содржини

Што е тивок мозочен удар и КАКО ДА ГО ПРЕПОЗНАЕТЕ?

Незабележливиот мозочен удар всушност се нарекува минлив исхемичен напад (TIA), а е познат и како „мини-мозочен удар“ или „минлив напад“. Тоа е привремена состојба...

Парамаунт продаден за осум милијарди долари

Американските регулатори ја одобрија продажбата на холивудското студио Парамаунт на продукциската компанија на милијардерот Дејвид Елисон, Скајденс, за осум милијарди долари, приближно една година...

Пензиите линеарно се зголемуваат за 2.000 денари

Собранието на Р. Македонија во рамки на 63. седница со 79 гласа „за“ и ниту еден „против“ и „воздржани“ ги усвои измените на Законот...

Кој е Мурат Шамил Шен, новиот сопственик на ФК Брегалница?

Од неодамна, фудбалскиот клуб Брегалница од Штип има нов сопственик, тоа е турскиот стопанственик Мурат Шамил Шен. За него се знае дека има искуство...

Дневен хороскоп за петок (25/07)

ОВЕН Ќе се почувствувате благодарни што ќе успеете да му помогнете некому во некој голем проблем. Оваа личност може да биде ваш шеф, родител или...
spot_img