11.6 C
Shtip
spot_img

Италијанска компанија ќе инвестира во ТИРЗ Штип

Вчера, општина Штип ги пречека Амбасадорот на Република Италија во Македонија, Н.Е. Паоло Палминтери, Фабио Каросо, регионален советник од Италија, Ева Нетковска, виш трговски аналитичар на Италијанската трговска агенција во Скопје, и нашиот сограѓанин Тони Димитровски, сопственик на Мак Базен.

Градоначалникот Иван Јорданов разговараше за можностите за бизнис и економска соработка помеѓу Италија и Македонија, особено за потенцијалите што ги нуди Штип.

“Во наредниот период ќе биде отворена компанија за производство на компоненти за монтажни базени, која ќе овозможи 30 до 50 нови работни места. Ова е уште еден чекор кон економскиот развој на Штип и Источна Македонија. Нашата крајна цел е подобар стандард и креирање можности за младите да останат и да градат иднина тука, дома.” – изјавија од кабинетот на првиот човек на Штип.

Фабио Каросо, сопственик на италијанската компанија „L’Isola Blu Piscine“, од своја страна изрази задоволство од средбата, со очекување успешна реализација на потенцијалната инвестиција во ТИРЗ Штип. Тој истакна дека клучен фактор за одлуката за потенцијална инвестиција се поволната бизнис-клима и поддршката за странските инвеститори што ја нуди Македонија, претставувајќи атрактивна дестинација за инвестирање.

Компаниите што се корисници во ТИРЗ Штип, се задоволни од работењето во зоната. Во последната спроведена анкета, која ги опфати сите главни аспекти важни за функционирањето на зоните, вклучувајќи ги: задоволството од услугите на Дирекцијата за ТИРЗ, како и знаењето, вештините и способноста на вработените; точноста на добиените информации и брзината на постапување по доставено барање, тие дале просечна оценка 4,48 од максимум 5,00, што укажува на континуиран раст, на задоволството на корисниците на ТИРЗ Штип.

━ повеќе содржини

Центарот за јавно здравје во Штип ќе добие дополнително 1000 вакцини за грип

Поради огромниот интерес, ЦЈЗ Штип доби дополнителни 1.000 бесплатни вакцини. Поради огормен интерес и експресно потрошените 2.000 бесплатни вакцини против сезонскиот грип, ЦЈЗ Штип побара...

ВЕСНА КОЖИНКОВА ПОВТОРНО ИЗБРАНА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛКА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ШТИП, ФЕРУС МУСТАФОВ ПОСТХУМНО ЌЕ ГО ДОБИЕ ПРИЗНАНИЕТО „8 НОЕМВРИ”

На првата седница на новиот Совет на Општина Штип за претседателка е избрана Весна Кожинкова, која и досега го водеше. Во Советот, кој брои...

Врнежи, засилен северен ветер и продор на ладен воздух од север во Македонија

Во следните часови од северозапад над нашата Република Македонија ќе поминува влажна воздушна маса која ќе услови врнежи од дожд кои локално ќе бидат...

Почнува 8. регионална конференција за е-трговија

Во Националната опера и балет во Скопје денеска ќе се одржи 8. регионална конференција за е-трговија, во организација на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија. Како...

Роботите се подготвени за војна

Компанијата Skyborne Technologies со седиште во Бризбејн го претстави својот најнов проект: CODiAQ (Controller-Operated Direct-Action Quadruped), робот со четири нозе кој може да носи...
spot_img