31 C
Shtip
spot_img

Измама од 3 и пол милиони евра со стари акумулатори во Штип

Финансиската полиција објави дека во штипското обвинителството поднела кривична пријава за измама и фалсификување со што е направена штета на фирма за откуп на стари акумулатори во вредност од околу 3 и пол милиони евра.

Осомничени се три лица и една фирма. Парите завршувале на сметка на отпад за стари акумулатори со лажни потврди за откуп на стока. Еден вработен во отпад и директорот на отпадот на акумулатори заедно со третиот соучесник, којшто е вработен во оштетената компанија правеле лажни фактури за наводно купување на акумулаторите иако во реалноста немало купување и преземање на стоката. Оштетената фирма ги плаќала фактурите со што, според финансиската полиција била измамена за да 214 милиони денари односно за приближно 3 и пол милиони евра.

Во продолжение соопштението на Финансиската полиција:

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Штип поднесе кривична пријава против три физички и едно правно лице, поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела “Измама” по чл. 247 и “Фалсификување исправа” по чл. 378 од Кривичниот Законик, за сторена штета во вкупен износ од 214.411.861 денари.

Првопријавеното физичко лице во својство на вработено и третопријавеното физичко лице во својство на сопственик и управител на четвртопријавеното правно лице, заедно со второпријавеното физичко лице вработено кај оштетеното правно лице, со намера да се стекнат со противправна имотна корист со лажно прикажување на факти го довеле во заблуда оштетеното правно лице, неосновано да исплати значителен износ на парични средства по основ на откуп на стари акумулатори, на начин што првопријавеното и третопријавеното лице во свое име и за сметка на пријавеното правно лице изготвувале и употребувале лажни формулари за отпад на стари акумулатори, кои второпријавеното физичко лице како вработено во оштетеното правно лице ги потпишувало и ги одобрувало лажните испратници и откупните белешки, иако истото знаело дека робата не била испорачана и примена, со што овозможило оштетеното правно лице неосновано да исплати вкупен износ од 214.411.861 денари (околу 3 и пол милиони евра)

━ повеќе содржини

Асфалтирано платото и паркингот пред фудбалскиот терен на Бело Брдо

Денес беше завршено асфалтирањето на платото и паркинг површината пред фудбалскиот терен во населбата Бело Брдо, со што се подобрува пристапот и условите за...

Во недела ќе се одржи првиот таеквондо турнир „Штип опен 2025“

Во недела Таекводно клубот Штип и Македонска таеквондо федерација го организираат првиот таеквондо турнир „Штип опен 2025“. Турнирот ќе се одржи во спортска сала „Јордан...

Лани во Македонија се случиле над 2 илјади разводи!

Во 2024 година бројот на склучените бракови е намален за 12.7 % во споредба со 2023 година. Просечната возраст при склучувањето прв брак е...

Рачниот менувач заминува во историјата?

Рачниот менувач наскоро може да биде минато, бидејќи најновите бројки покажуваат дека многу малку нови автомобили се достапни со овој тип на менувач. Статистиката е...

Три овошја што го топат салото на стомакот

Сѐ повеќе луѓе бараат природни начини за намалување на салото на стомакот, а исхраната игра клучна улога во овој процес. Експертите истакнуваат дека одредени...
spot_img