27.1 C
Shtip
spot_img

Загинал поради лајкови на ТикТок: Момче скокнало од 25 метри височина во Дунав

Скокнал од висина од 25 метри во Дунав, надевајќи се дека тоа ќе му донесе посакувани обожаватели на социјалната мрежа. Наместо да направи вирално видео од својот пријател, тој ја снимил неговата смрт. Почнал да вреска кога сфатил дека младиот човек не излегува…

Драмата се случила во вторникот попладне. Според локалните медиуми, Тудор и неговиот пријател тргнале на долго патување од Букурешт за да стигнат до доволно висок мост од кој ќе скокнат. Локацијата не била далеку од местото каде што Дунав се влева во Црното Море, објавија локалните медиуми.

Младите мажи го паркирале својот автомобил под мостот и чекале работниците од блиското градилиште да си одат дома за да можат да го спроведат она што го планирале. Кога оцениле дека е „безбедно“, Тудор застанал на мостот, неговиот пријател почнал да снима, но наместо вирално видео за ТикТок, била снимена смртта на младиот човек.

Кога пријателот сфатил дека Тудор не излегува, почнал да повикува помош. За жал, немало начин да го спаси младиот човек.

Според официјалните лица, Тудор скокнал од толку голема висина, како да се фрлил од 10-ти кат. Спасувачите имале проблеми дури и да се приближат, бидејќи чамците не можат толку брзо да стигнат до овој дел од Дунав. За жал, нуркачите на крајот го извлекле телото.

Им биле потребни околу 15 минути за да го пронајдат. Телото на Тудор било пронајдено на длабочина од 7 метри, а тројца нуркачи го извлекле на брегот, јавуваат медиумите.

Медицинските екипи веќе чекале покрај работ на водата, но и покрај напорите да го реанимираат младиот човек, немало начин да се спаси. На местото на настанот бил прогласен за мртов.

„Веднаш влеговме во водата на местото каде што очевидци посочија дека паднал. Беше некаде на средината од водотекот. Немаше силни струи, но видливоста со светилки беше до 15 сантиметри. Го пронајдовме на длабочина од околу седум метри“, рече нуркачот Ѓорѓе Кукулеску.

━ повеќе содржини

Џенаро Гатузо ќе биде нов селектор на Италија

Џенаро Гатузо наскоро ќе биде именуван за селектор на италијанската репрезентација, објавува најпознатиот инсајдер, Фабрицио Романо. Тој тврди дека до неодамна тренерот на Хајдук...

Денес роденден слави една од најголемите балкански ѕвезди Светлана Ражњатовиќ

Балканската ѕвезда, Светлана Цеца Ражнатовиќ, денес го слави својот 52-от роденден во кругот на своите најблиски пријатели, во луксузна вила на Дедиње. Иако многумина не...

ОД ДЕНЕСКА ЕЛЕКТРОНСКО ПРИЈАВУВАЊЕ: Почнува уписот во средните училишта

Од денеска до 17 јуни на полноќ е првото електронско пријавување во јунскиот рок за запишување ученици во прва година во јавните средни училишта во...

Марија Минчева од штипскиот театар е најдобра актерка на МТФ „Војдан Чернодрински”

Престижната награда за главна женска улога на годинашното издание на МТФ „Водан Чернодрински“ едногласно беше доделена на Марија Минчева Андонов за улогата на Мајката...

Проф. Д-р Дејан Мираковски е старо-нов ректор на УГД во Штип

 Дејан Мираковски доби уште еден мандат, како ректор на Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД)-Штип. Претседателот на Комисијата за избор на ректор на УГД, проф.д-р Дејан...
spot_img