20.4 C
Shtip
spot_img

Забранет е увоз на пилешко од Бразил и на месо од мали преживари од Албанија

Донесено е Решение за забрана на увоз на пилешко месо од Бразил поради птичји грип, потврди денеска директорот на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) Оливер Миланов. Решението, како што истакна, е веќе во сила.

Миланов потсети и дека пред пет дена, за спречување на можноста од ширење чума кај малите преживари (PPR), АХВ донесе Решение за забрана за увоз и транзит на живи домашни и диви мали преживари, семе, јајце клетки и емброни од домашни и диви мали преживари, месо од домашни и диви мали праживари, производи и преработки од месо од домашни и диви мали преживари, млеко и производи од млеко од домашни и диви мали преживари, како и нуспроизводи од домашни и диви мали преживари од Албанија каде, во областа Дебар, место Кастриот, на фарма со 200 кози имаше појава на ново жариште на болеста по пријавата на првиот случај во областа Скадар.

━ повеќе содржини

ПРВ КРУГ НА 19 ОКТОМВРИ: Претседателот на Собранието ги распиша локалните избори

Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска ги распиша локалните избори, што ќе се одржат на 19 октомври. Собранискиот спикер, како што се наведува во соопштението...

Иво Бошкоски – Македонскиот доктор чија метода може да го спаси светот од една од најголемите здравствени закани за човештвото

Светскиот доктор, Македонецот Иво Бошкоски од болницата Џемели во интервју за македонската информативна агенција МИА открива дека со неговата иновативна метода се губи една...

Се најавува топлотен бран со температури до 39 степени

Според најновата прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), од 8 до 13 август 2025 година нè очекува вистински летен бран! Во некои региони...

Министерство за енергетика: Објавен оглас за распределба на инвертер клими за ранливите семејства

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС) објави мерка која директно го таргетира најчувствителниот сегмент од населението – ранливите потрошувачи на енергија. Со...

Децата на Марадона забранија користење на името на славниот фудбалер

Децата на покојната аргентинска фудбалска ѕвезда Диего Армандо Марадона го добија судскиот спор што го водеа со сестрите на Марадона за правото да го...
spot_img