9.5 C
Shtip
spot_img

Денеска се празнува Светиот апостол и евангелист Лука

Роден е во Антиохија. Во младоста добро ја изучи грчката философија, медицината и иконописот. Во времето на делото на Господ Исус на земјата Свети Лука дојде во Јерусалим и таму Го виде Спасителот лице в лице, ја чу Неговата спасоносна наука и стана сведок на Неговите чудесни дела. Откако поверува во Господ, свети Лука беше вбројан меѓу Седумдесетте апостоли и пратен на проповед.

Заедно со Клеопа Го виде воскреснат Господ на патот за Емаус (Лука 24). По слегувањето на Светиот Дух на апостолите, Лука се врати во Антиохија и таму му стана сотрудник на светиот апостол Павле со когошто патуваше во Рим, обраќајќи ги во Христовата вера Евреите и незнабожшците.

„Ве поздравува Лука, лекарот љубезен“, им пишува на колосјаните светиот апостол Павле (Колосјани 4, 14).

На молба на христијаните го напиша Евангелието, околу 60 година. После маченичката смрт на апостолот Павле, свети Лука го проповедаше Евангелието по Италија, Далмација, Македонија и на други места.

Ја иконописаше Пресвета Богородица – и тоа не една туку три икони – а исто така, и светите апостоли Петар и Павле. Оттука, свети Лука се смета за основач на христијанскиот иконопис.

На старост го посети и Горен Египет. Од Египет се врати во Грција, каде што со голема ревност продолжи да проповеда и да ги обраќа луѓето кон Христа, не обѕирајќи се на својата длабока старост.

Свети Лука ги напиша Евангелието и Делата Апостолски, обете посветувајќи му ги на Теофил, кнезот на Ахаја. Имаше осумдесет и четири години кога злобните идолопоклоници го подложија на маки заради Христа и го обесија на една маслинка во градот Тива (Теба) Беотиска.

Чудотворните мошти на овој прекрасен светител во времето на Константиновиот син, царот Констанциј, беа пренесени во Цариград.

━ повеќе содржини

ЈП Стипион: Дополнителни автобуски линии за Задушница!

За Задушница, Јавното претпријатие „Стипион“ воведува дополнителни автобуски линии, за полесно и побезбедно граѓаните пристигнат до градските гробишта во Штип. Дополнителниот превоз ќе биде...

НАД 22.000 ГЕРМАНЦИ ГО ПРОМЕНИЈА ВРОДЕНИОТ ПОЛ ОТКАКО НОВИОТ ЗАКОН ЈА ОЛЕСНИ РЕГИСТРАЦИЈАТА

Според прелиминарните бројки објавени денеска, над 22.000 германски граѓани официјално го промениле својот пол откако лани стапи на сила новиот закон со кој се...

НОВАТА СЕРИЈА ЗА ДЕЦА „БУКВОЖДЕР“, ПРОДОЛЖЕНИЕ НА „БУШАВА АЗБУКА“ ПО 40 ГОДИНИ, ЌЕ СЕ ЕМИТУВА ОД 8 НОЕМВРИ НА МТВ

Од 8 ноември на Македонската радиотелевизија (МРТ) ќе се емитува новата македонска анимирана серија „Буквождер“, нов проект инспириран од култната серија „Бушава азбука“, која се емитуваше...

Стоечки овации и аплаузи за Игор и Ана Дурловски во Златната сала на Музикферајн во срцето на австриската престолнина

Во чест на својот 80-годишен јубилеј, оркестарот на Македонската филхармонија,  приреди исклучителна музичка вечер во Виена. Во срцето на градот што со векови претставува синоним...

Сплавовите, ноќниот живот во Белград и “Мала Јапонија” во Сао Пауло се на врвот на најпосакувани дестинации за “провод”

Угледниот сајт за патувања „Лонли планет“ ја состави својата традиционална листа на најдобри дестинации за патување во 2026, која овојпат се состои од 25...
spot_img