28.6 C
Shtip
spot_img

Денес роденден слави една од најголемите балкански ѕвезди Светлана Ражњатовиќ

Балканската ѕвезда, Светлана Цеца Ражнатовиќ, денес го слави својот 52-от роденден во кругот на своите најблиски пријатели, во луксузна вила на Дедиње.

Иако многумина не можат да поверуваат дека Цеца полни 52 години, пејачката изгледа подобро од кога било и е во полн ек, а истовремено подготвува спектакуларен концерт на Видовден.

Нејзината колешка Ана Николиќ беше меѓу првите што јавно ѝ го честиташе роденденот, и тоа на многу импресивен начин. Ана се сними себеси во автомобилот, додека ја пееше песната на Цеца „Виски“, со пораката:

– Те сакаме Рале и јас – што веднаш предизвика коментари дека повторно имало помирување меѓу двајцата, иако таа неодамна тврдеше дека нивната врска дефинитивно е завршена.

Ќерката на Цеца, Анастасија Ражнатовиќ, која неодамна пристигна од Шпанија, каде што живее со својот сопруг, фудбалерот Немања Гудељ, ќе се придружи на прославата на роденденот. Иако деталите за прославата на роденденот не се откриени, се верува дека Цеца повторно ќе ги собере своето семејство, најблиските пријатели и колеги во интимна и весела атмосфера.

Пејачката моментално балансира помеѓу приватни прослави и големи бизнис планови, бидејќи во тек се подготовките за нејзиниот концерт што ќе се одржи на Видовден.

━ повеќе содржини

Слеп човек повторно прогледа по 20 години благодарение на уникатна операција „заб во око“

Повеќе од две децении, 34-годишниот Брент Чепмен од Канада живееше во темнина. Сега повторно може да гледа благодарение на исклучително ретка хируршка процедура наречена...

Џеди Осман: Среќен сум што во мојот Охрид и во Македонија се пратат сите мои успеси

Џеди Осман не успеа со Турција да дојде до посакуваното злато. Неговата репрезентација во финалето на Европското првенство беше поразена од Германија иако тој...

Германија нов европски шампион, падна Турција во драматичното финале

Германија е новиот владетел на европската кошарка! Светските шампиони го освоија и Евробаскет 2025, совладувајќи ја Турција со 88-83 во едно од највозбудливите финалиња...

Свежо цвеќе на оградата на кејот на река Отиња

1.000 саксии со цвеќиња поставува Ј.П. „Исар“ на заштитната ограда во центарот на Штип 500 саксии со цвеќе се поставени за само еден ден на...

Албанија прва во светот ќе има министерка креирана со вештачка интелигенција

Албанскиот премиер Еди Рама на седница на Националното собрание на Социјалистичката партија ја претстави првата министерка во историјата, креирана со вештачка интелигенција, наречена Диела. Рама,...
spot_img