Денес (петок, 19/09) официјално стартува веке култната штипската манифестација “Пастрмалијада 2025”. Официјалниот почеток е закажан за во 12:00 часот на шеталиштето “Ванчо Прке”, а манифестацијата, традицонионално ќе ја отвори штипскиот градоначалник Иван Јорданов. Во текот на денешниот ден ќе настапат познати штипски имиња меѓу кои Зоран Илиев, Но Енд, Александар Тодоровски и други.
На шеталиштето се поставени 10-тина штандови на кои денес и утре ќе се служи највкусната топла штипска пастрмајлија. За утре, во склоп на манифестацијата, закажан е големиот концерт на балканската мега ѕвезда Един Дервишхалидовиќ, попознат како Дино Мерлин, заедно со македонските ѕвезди Елена Ристеска и Владо Јаневски. Концертот со почеток од 20:00 часот, утре, ќе се одржи на градскиот стадион во Штип.