8.2 C
Shtip
spot_img

Денес е Св. Фануриј – заштитникот на учениците и студентите, не заборавајте да замесите Фанурија – колачот кој исполнува желба

Свети Фануриј е славен великомаченик кој се празнува на 9ти Септември и за кој се верува дека помага во исполнување на желбите.

Во Прилеп за овој празник црквите се преполни со погачи кои се прават посни со само 9 сосотојки.

Погачата Фануропита или Фанурија го добила името по младиот светец Фануриј кој живеел на островот Родос. Се приготвува кога имате некаква потреба, нешто изгубено или работа, стан, љубов.. му се молите на Свети Фануриј, го правите овој колач, а светецот ќе ви ја исполни вашата желба. Ова е народно верување и обичај.

По тој повод верниците замесуваат колач посен со само 9 состојки. Обичај е на ова лепче на која е ставена свеќа, заедно со малку црвено вино да се боси во црква и да биде благословено и од поп испеено.

Откако лепчето ќе се испее се крши и се раздава со добра мисла на останатите верници. Карактеристично е додека се меси личноста што го прави се моли за благодет, среќа и мир во семејството и домот, а потоа си замислува желба.

Овој рецепт е малку збогатен со тоа што направивме и какао глазура за да биди уште повкусен.

Состојки:

500 мл кисела вода
2 пакетчиња прашок за пециво
6 филџани брашно
1 лажица цимет
2 филџани шеќер (плус 1 за глазурата)
2 филџани масло (и уште 2 лажици за глазурата)
3 лажици какао (и уште 50 г за глазурата)
100 гр сечкани лешници (половина во тестото, половина за над глазура)
1 филџан обична вода за глазурата
Припрема:

Се мешаат сите состојки за тестото: киселата вода, шеќерот, брашното, прашокот за печиво, какаото, маслото, половина од лешниците и циметот. Изматете со миксер за да се изедначи смесата. Истата се претурва во тркалезно тавче 28-30 број. Може да се печи на хартија за печење за потоа лесно да ја извадите и да ја префрлите на чинија за сервирање.

Се печи во загреана рерна на 150 степени околу 50 минути.
Пред крај на печењето, направете ја глазурата: еден филџан вода ставете да врие со 1 филџан шеќер. Кога ќе почне да згуснува, додадете го какаото претходно растворено во ладна вода и масло 2 лажици. Убаво мешајте додека течноста не се направи мазна без грутчиња и нека вари некое време дур не се згусни малку за да може да се нанесува полесно. Глазурата се нанесува дур е жешка и во течна состојба врз испечената фанурија. Се попрскува со останатите лешници.
Откако ќе се излади и ќе се стврдне глазурата, може да се послужи.

Нека е на здравје и нека ви се исполни желбата!

━ повеќе содржини

Љубљана ги забрани трубачите до крајот на декември: „Балканската музика нема врска со нас“

Градскиот совет на Љубљана изгласал забрана на спонтани улични настапи со музички инструменти, а одлуката ќе важи до крајот на декември. Предлогот дојде од самиот...

МАКЕДОНИЈА Е ТРЕТА ВО ЕВРОПА ПО БРОЈОТ НА УБИСТВА НА ЖЕНИ ОД НИВНИТЕ ПАРТНЕРИ, СЕ ВЕЛИ ВО ИЗВЕШТАЈОТ НА ЕУРОСТАТ

Македонија е на трето место во Европа по бројот на фемициди односно убиства на жени од нивните интимни партнери. Ова го покажуваат податоците за...

ТУРИСТИТЕ ЌЕ ПЛАЌААТ 2 ЕВРА ЗА ПРИСТАП ДО ФОНТАНАТА ТРЕВИ ВО РИМ!

Туристите кои ќе сакаат да и се приближат на прочуената фонтана Треви во Рим наскоро ќе мора да платат влезница од 2 евра, соопштија...

БЕСПЛАТЕН АВТОБУСКИ БИЛЕТ СО 20 ЧУЧНУВАЊА: НЕСЕКОЈДНЕВНА ИНИЦИЈАТИВА ВО РОМАНИЈА!

Во некои романски градови, особено во Клуж-Напока, патниците можат да добијат бесплатен автобуски билет доколку направат 20 чучнувања на специјални здравствени киосци поставени низ...

ЗЛАТОТО И СРЕБРОТО НА РЕКОРДНИ ВИСОЧИНИ: ПОРАСНА ЗА 67% И 138% ОД ПОЧЕТОКОТ НА ГОДИНАТА!

Цените на златото и среброто продолжуваат да го рушат рекорд по рекорд, при што златото првпат го надмина нивото од 4.400 долари за унца,...
spot_img