24.8 C
Shtip
spot_img

ДЕМАНТ ЗА ЛАЖНИ ВЕСТИ ВО ВРСКА СО НАСТАПОТ НА ДИНО МЕРЛИН ВО ШТИП

Во пресрет на најголемиот настан во Македонија што ќе се одржи овој викенд во Штип, во јавноста се појавија лажни вести за наводни „специјални барања“ на изведувачот Дино Мерлин во делот на изгледот и обележјата на градот.

Официјално се демантираат ваквите дезинформации. Настапот на Дино Мерлин е организиран со почитување на сите правила и стандарди, без никакви условувања од страна на изведувачот.

„Свесни сме дека живееме во време на изместени вредности и дека ваквите дезинформации се само метод за ширење омраза и политичко лешинарење. Нашиот Штип добива од овој настан – преку култура, туризам и нова енергија за градот. Оние кои шират невистини, јасно е дека веќе губат во нивните бесцелни политички кампањи“, стои во реакцијата.

Дополнително, се нагласува дека истите структури кои денес шират лаги, се оние што со години го оставаа крстот на Исарот во темница.

━ повеќе содржини

Safe City системот наскоро ќе биде имплементиран во Штип. 150 безбедносни камери на клучни локации во градот

Штип е во постапка за организирање на системот Сејф Сити. 150 камери ќе се постават на клучни места. Штип е во последната фаза од...

Трет уписен рок на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип

Третиот уписен период на факултетите и академиите при Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД) – Штип, започна и ќе трае до 18 септември. Ова претставува последна...

Туристи се протерани од Венеција, причината е бизарна – пливале во Големиот канал

Инцидентот се случил пред зачудените гондолиери, кои веднаш ја известиле полицијата. Според извештаите на медиумите, двојката била казнета со по 390 фунти и им...

Се крчка најголемата „бомба“ во кошарката: Леброн Џејмс пристигнува во Европа?!

Еден од најдобрите кошаркари на сите времиња, Леброн Џејмс, отсекогаш имал широк спектар на интереси во својот живот. Како што пишуваат поединечни американски медиуми,...

Како ефикасно да се зачува вкусот на зимницата и да се спречи формирање на заматена вода?

Со доаѓањето на есенските денови, подготовката на зимница е неизбежна работа, а притоа е корисно ефикасно да се зачува бистра и вкусна. При подготовка на...
spot_img