6 C
Shtip
spot_img

Дел од повредените во трагедијата во Кочани, се рехабилитираат во одделението за физикална терапија во Штип

Почна приемот на повредни пациенти од дискотеката „Пулс“ во Кочани, во Одделението за физикална терапија при Клиничка болница-Штип. Раководителот на Одделението за физикална терапија при Клиничка болница-Штип, Никола Костадинов изјави дека се подготвени и 50 болнички кревети, каде што ќе се хоспитализираат потешко повредените за рехабилитација.

-Пациентите почнавме да ги примаме од пред ден-два. Сите капацитети во Клиничка болница – Штип, тоа се педесет легла, стационарни и капацитетите на Физикална терапија се ставени во функција. Потешките случаи ќе се лекуваат стационарно кај нас и дел во болницата во Кочани. Пациентите се со тешки изгореници и контрактури, но имаме голем дел на пациенти и со фрактури и со ампутации, таму ќе имаме целосна рехабилитација на скршениците и изгорениците, како и вежби за дишење, кои се дел од рехабелитацијата на пациентите со изгореници, вели Костадинов.

На Одделението за физикална терапија во Клиничка болница-Штип и во болницата во Кочани повредените со хидротерапија, електро процедури и кинези терапија ќе може полесно да закрепнуваат. Во рехабилитацијата на повредените од кочанската дискотека вклучени се лекари специјалисти и обучен физиотерапевтски кадар. Доколку има потреба ќе се ангажираат и лекари од другите болници во државата. Дополнително, со пaциентите со изгореници ќе се работат и вежби за дишење кои ќе бидат од голема важност за нивно брзо заздравување и закрепнуваање. Штипската физикална терапија располага со базен со термална вода од изворот „Кежовица“, која се смета за една од најлековитите води во Европа. Истиот се користи за вежби и лекување на пациентите главно со фрактури. Костадинов апелира пациентите со изгореници да не користат мелеми и креми од надри лекари, туку да бараат соодветна лекарска помош.

– Медицинската рехабилитација, особено кај пациенти со тешки изгореници и сериозни повреди, претставува строго регулирана здравствена дејност што може да ја извршуваат само здравствени установи и специјализиран медицински кадар. Несоодветната физиотерапија без медицинска проценка може да доведе до несакани последици по здравјето на пациентите, а таквите постапки се казниви според Законот за здравствена заштита, потенцираше Костадинов.

━ повеќе содржини

Одбојкарско дерби денес во Штип!

Денес, понеделник, со почеток од 18:00 часот во салата Јордан Мијалков во Штип ќе се одигра одбојкарското дерби во првата македонска одбојкарска лига помеѓу...

“Музичка Фабрика” – Нов национален проект за детска музика кој отвора врати за млади таленти

Музичка Фабрика е првиот национален културно-образовен музички проект за деца, чија мисија е да ја поддржи, развие и афирмира детската музичка креативност. Проектот создава...

Сите добитници на наградите Греми!

Раперот освои пет награди, вклучувајќи ја и онаа за плоча на годината за „Luther“, дует со SZA, како и за најдобар рап албум за...

LED семафорите носат поголеми почетни трошоци, но значителни долгорочни заштеди

Сè повеќе градови ширум Европа и светот се одлучуваат за воведување на LED семафори, кои иако имаат повисока почетна цена, носат големи заштеди на...

„Не знаев дека универзумот ме подготвува за најважната премиера во нашиот живот, те чекаме малечка“, штипската снаа, пејачката Александра Јанева објави дека е бремена

Македонската пејачка Александра Јанева преку социјалните мрежи објави дека е бремена и дека очекува девојче. „Создавајќи албум кој го слави женскиот дух, сила и љубов,...
spot_img