14.1 C
Shtip
spot_img

Двајца пациенти се враќаат од Литванија и Шведска, четворица се во критична состојба

Од вкупно хоспитализирани 21 пациент во Скопје по несреќата во Кочани, денеска ќе бидат пуштени пет. Четири пациенти од оние кои се лекуваат во странство се критични, кај двајца повторно е влошена состојбата, рече министерот за здравство, Арбен Таравари, на прес-конференција на 29 март.

Пациентите беа повредени во пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март, при што загинаа 59 лица, а околу 200 беа повредени. Повеќе од половина од повредените беа испратени на лекување во странски медицински центри.

Се уште има и интубирани пациенти во тешка, но не и животно загрижувачка состојба, рече Таравари.

Надвор од државата се 89 пациенти, но двајца се враќаат од Литванија и Шведска. Тие најпрво ќе бидат примени и прегледани во домашните болници од каде биле и испратени, според протоколот ќе бидат задржани 24 часа, а потоа ќе бидат пуштени дома

━ повеќе содржини

Штипјанец без положен возачки испит и со 1,77 промили алкохол удрил во паркирано возило и избегал

Полициски службеници од ПС БПС Штип синоќа околу 20 минути по полноќ, го лишиле од слобода Е.А.(40) од Штип. Е.А. на 01.04.2025 околу 22.40 часот...

Кешишев се плаши од Палчо, не сака да сведочи во негово присуство

Пред денешното рочиште адвокатот на обвинетиот Влатко Кешишев, Игор Ефремов побара за време на сведочењето на неговиот клиент од судницата да биде отстранет Љупчо...

Нов тренд во филмската индустрија – режисерите ангажираат актери без искуство

15-годишниот Овен Купер е новото лице на актерската сцена. Тој дебитира во серијата „Адолесценција“ на „Нетфликс“ и ги воодушеви гледачите. Кога беше на аудиција...

Најубавата фудбалерка на светот доаѓа нашминкана на натпревари

Шминка на фудбалски терен – да или не? Алиша Леман на Инстаграм е најследената фудбалерка на светот со 16 милиони следбеници, а игра за...

Сериозно се ниша фотелјата на Перо Антиќ!

Поднесено е барање до Кошаркарската федерација на Северна Македонија (КФСМ) за свикување на вонредно собрание на кое ќе се гласа за смена на претседателот...
spot_img