17.7 C
Shtip
spot_img

Го ѕирна ли некој покривот на Националната Арена “Филип Втори”?

Сензитивни се овие денови на тема безбедност на објекти, посебно каде се собира многу народ и нема време за чекање. На социјалните мрежи испливаа фотографии од северната трибина на нашиот најголем стадион, каде се гледа дека кровот на трибината пропушта вода при врнежи од дожд. Фотограгиите се од последниот меч протв Велс, одигран во вторникот.

Нашиот најголем и најубав стадион, кој блесна и беше домаќин на едно финале меѓу Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед е изграден 1947-ма. Но Северната трибина ја имаме од 2009.

Ова воедно е апел до надлежните да реагираат околу проблемот, поставувањето на кофи не е решение!

Стадионот е во надлежност на Акционерското Друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и деловен простор.

━ повеќе содржини

Асфалтирано платото и паркингот пред фудбалскиот терен на Бело Брдо

Денес беше завршено асфалтирањето на платото и паркинг површината пред фудбалскиот терен во населбата Бело Брдо, со што се подобрува пристапот и условите за...

Во недела ќе се одржи првиот таеквондо турнир „Штип опен 2025“

Во недела Таекводно клубот Штип и Македонска таеквондо федерација го организираат првиот таеквондо турнир „Штип опен 2025“. Турнирот ќе се одржи во спортска сала „Јордан...

Лани во Македонија се случиле над 2 илјади разводи!

Во 2024 година бројот на склучените бракови е намален за 12.7 % во споредба со 2023 година. Просечната возраст при склучувањето прв брак е...

Рачниот менувач заминува во историјата?

Рачниот менувач наскоро може да биде минато, бидејќи најновите бројки покажуваат дека многу малку нови автомобили се достапни со овој тип на менувач. Статистиката е...

Три овошја што го топат салото на стомакот

Сѐ повеќе луѓе бараат природни начини за намалување на салото на стомакот, а исхраната игра клучна улога во овој процес. Експертите истакнуваат дека одредени...
spot_img